Власта преку своето оружје-судот, денес повторно ја уби правдата и правото во Р.Македонија, велат од Обединети за Македонија.
„Денеска со судска пресуда беше отстрелана слободата на лидерот на Обединети за Македонија Љубе Бошкоски, но овојпат за разлика од порано, со рафална стрелба на судот беше убиена слободата, и на останатите без докази обвинети.
– Власта демонстрирајќи моќ, преку судот денеска ја прати пораката до секој граѓанин на Р. Македонија – „Или прифатете го нашето едноумие или сте мета за отсрел на нашиот суд“, пишува во соопштението на Обединети за Македонија.