„Охридско лето“на Општата болница во Охрид и ги донираше средствата собрани од концертот на „Танец и Ладо“

Од:

Националната установа „Охридско лето“ во знак на солидарност и хуман гест на Општата болница од Охрид и додели 95 илјади денари, средства собрани од продажбата на влезници од хуманитарниот концерт „Танец и Ладо под ѕвездите“ одржан во рамките на годинашната фестивалска програма.

Целта на хуманитарната помош е полесно справување во борбата против Ковид-19 а средствата ќе бидат искористени за набавка на скафандери, маски и средства за хигиена.

– Во овие тешки времиња кога се соочуваме со најголемата здравствена криза секоја помош е неопходна. Изразуваме огромна благодарност до „Охридско лето“ за ваквиот гест со кој покажаа дека здравствените работници не се оставени самите на себе во справувањето со коронавирусот. Во услови на пандемија сите заедно сплотени може да излеземе како победници. Пандемијата е голем предизвик за сите здравствени работници, но секојдневната битка воопшто не е лесна. Ваквите моменти на хуманост ни даваат сила за успешно да одговориме на задачата, изјави директорот на Општа болница, Горан Балевски.

Од НУ „Охридско лето“ велат дека одлуката да се реализира хуманитарен концерт била донесена уште пред објавување на програмата со цел да се помогне здравството во вонредните услови наметнати од ковид-пандемијата.

– Во време кога сите обединети се справуваме со пандемијата, во време кога здравствените работници се нашите херои одлучивме концертот на „Танец“ и на хрватскиот „Ладо“ што беше на програмата на 28 јули на Античкиот театар да биде од хуманитарен карактер, а средствата од влезниците да ги донираме во здравството. Со тоа покажеме дека сите сме заедно, сплотени, во борбата со коронавирусот, но и огромна благодарност за се она што го прават медицинските лица, изјави директорката на НУ „Охридско лето“, Наташа Поповиќ.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Донација од Владата: Секое дете во градинка ќе добива по еден килограм овошје неделно за дома

A1on

Апел за помош на Марко, се соочува со 4-ти степен на канцер

Ана Ололовска

Ранци и училишни помагала донација на ZEGIN и фондација „Д-р. Верица Механџиска” за преку 150 деца

УНДП и Германската амбасада и донираа компјутерска опрема на МВР за поефикасна контрола на малото и лесно оружје

А1он

Невладина организација донира храна, облека и сапун во тетовскиот воспитно-поправен дом

Жарко Настоски