ОхридСкај: ВМРО-ДПМНЕ ќе го обвини Црвенковски за падот на кингерот

Од:

Порталот ОхридСкај,  пишува дека босанското обвинителство било под притисок на македонските институции да отвори уште еднаш истрага за падот на Кингерот и смртта на претседателот Борис Трајковски и неговите соработници.

ОхридСкај пренесува дека „дури трае оваа процедура, на тајни места и во медиумски кујќи , веќе по налог на владеачката партија се изготвува специјален предизборен материјал во врска со падот на авионот“.

Според порталот, „ВМРО-ДПМНЕ немале идеја како да настапат против СДСМ на избори освен со отворање на темата и директно обвинување на Црвенковски“.

„Од Сараево дознаваме дека високи функционери ги обиколувале босанските институции за да се отвори предизборна истрага . Инаку целокупниот материјал се снима во медиумски куќи, кои зедоа доста пари од тендерите објавени на владата за реклама ,а СИТЕЛ и Канал 5 како и МРТВ веќе добиле наредби да изготват специјални прилози и дополненија на овој материјал“, пишува ОхридСкај.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Радеска: Повторно нема лекови на Онкологија – СДСМ бара оставка од Клековски

ВМРО-ДПМНЕ: Развоен Буџет за 2027 со фокус на капиталните инвестиции, инфраструктурниот развој и економскиот раст

Горан Наумовски

СДСМ: Кривична одговорност за Алта банка мора да има – Обвинителството да постапува

Горан Наумовски

Стојаноски: Ќе ја поддржиме иницијативата на Пратеничката група на СДСМ за вонредна седница поврзана со семејното насилство

ВИДЕО: СДСМ поднесе интерпелација за Трајко Славески за Алта банка

СДСМ бара итна собраниска седница за насилството врз жените и одговорност од институциите