Одликувања од Иванов за Акан Сувер, Исмаил Серагелдин и „Македонија 2025“

Од:

Претседателот Ѓорге Иванов денеска со Медал за заслуги за Македонија ги одликуваше професорите Акан Сувер и Исмаил Серагелдин и додели признание Повелба на Република Македонија на организацијата „Македонија 2025“.

Како што соопшти Кабинетот на Иванов, д-р Акан Сувер е одликуван со Медал за заслуги за Македонија, за исклучителната посветеност и ангажираност во своето работење и дејствување со што значајно придонел за промовирање на македонските вредности и позиции во Република Турција и поширокиот европски и азиски простор, со личен ангажман како основач и претседател на Фондацијата „Мармара“.

Д-р Исмаил Серагелдин е одликуван со Медал за заслуги за Македонија за исклучителната посветеност и ангажираност во своето работење и дејствување со што дал значаен придонес за промовирање на меѓурелигискиот и меѓуцивилизацискиот дијалог и разбирање, за промовирање на македонскиот модел на соживот, со личен ангажман како основачки директор на новата Александриска библиотека во Александрија.

На Организацијата „Македонија 2025“ и се доделува признанието Повелба на Република Македонија за значаен придонес во економскиот развој и развојот на капацитетите на институциите на Република Македонија, унапредување на бизнис-секторот и промовирање на земјава во странство.

Говорејќи за значењето на Евроазискиот економски самит и нејзиниот основач д-р Акан Сувер, претседателот Иванов ја потенцирал важноста на идеите кои се опфаќаат на овој самит, а се земаат предвид во поширокиот евроазиски регион.

-Преку овој форум македонската економија и македонските компании имаат ширум отворена врата за соработка во целиот евроазиски простор. Тоа е и врска меѓу Република Македонија и Република Турција, рече претседателот Иванов.

За д-р Исмаил Серагелдин, долгогодишниот директор на новата Александриска библиотека, Иванов истакнал дека е вистински глобален мислител кој се залага за економски праведен систем, адаптација кон климатските промени, искоренување на сиромаштијата и гладот.

-Како копретседател на Меѓународниот центар Низами Ганџави тој е страсен поборник за слободата на мислата, совеста и верата и слободата на изразување. Д-р Исмаил Серагелдин го промовира македонскиот модел на соживот и почитување на различноста, рече претседателот Иванов.

При доделувањето Повелба на Република Македонија на организацијата „Македонија 2025“ Иванов, како што информира неговиот Кабинет, рече дека оваа организација придонесува за создавање просперитетна иднина за младите во Република Македонија.

-„Македонија 2025“ напорно работи на внесување на меритократијата, прагматизмот и чесноста во македонското општество и држава, во македонската бизнис заедница, меѓу младите професионалци. Со тоа придонесува кон градење на посилна нација“, изјави Иванов.

Кабинетот информира дека професорите Акан Сувер и Исмаил Серагелдин, како и Вера Ставроф, која го прими признанието во име на организацијата „Македонија 2025“, во своите обраќања изразиле благодарност и ја истакнале честа за доделените признанија, кои за нив претставуваат потврда и препознавање за нивната работа.

Би можело да ве интересира

Измените во Кривичниот законик го премислија адвокатот Наумовски: Повлечена иницијативата за помилувањата на Иванов

Александар Тодески

Синиша Алексоски на распит во полициската станица Центар

Претседателските привилегии на Иванов и Црвенковски се најдоа пред Уставниот суд

Мери Јордановска

Обезбедувачите на Иванов ќе добијат работни задачи од Пендаровски ако МВР не ги повлече

Кристијан Ландов

Возилото кое Чулев го бара од Пендаровски, било наследено од Иванов

Ѓорге Иванов ја доби антикорупциска на Управен за унапредените генерали за време на избори

Васко Маглешов