Одбележување на Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Од:

Под мотото „Што ви се допаѓа во Црвениот крст и Црвената полумесечина“, денеска во Скопје ќе биде одбележан Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина – 8 мај.

– Во текот на целата 2019 година, ќе ја прославиме силата и моќта на нашата глобална мрежа, како и придонесот на нашиот персонал и на околу 14 милиони волонтери во светот преку мотото “# Love, # Љубов, # Dashuri”, соопштија од Црвен крст.

Оваа година имаат за цел да ги прошират знаењата за мисијата и придонесот на Црвениот крст со истакнување на разновидноста на нивната работа и универзалноста во нивниот пристап.

– Користиме едноставен повик за акција за да го споделиме еден од најпознатите универзални симболи – ©љубов. За некој погоден од непогода или криза, тоа може да значи дека постои некој кој е подготвен да помогне. Сакаме да ја искористиме моќта на овој симбол за да ја прославиме посветеноста и влијанието на Црвениот крст и Црвената полумесечина, волонтерите и вработените лица. Нашата цел е да истакнеме како Движењето ги решава хуманитарните предизвици преку оригинални, иновативни и необични пристапи, истакнуваат од Црвен крст.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје, ќе се одржи генерална проба за симулациска вежба за земјотрес

Во знак на благодарност за солидарноста по земјотресот, училиште во Турција ќе го носи името на нашата држава

Орце Костов

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Црвениот крст ја обвини Европа за „двојни стандарди“ во однос на бегалците

Ана Ололовска

Град Скопје и Црвениот крст го промовираа проектот „Итно Копче“ за помош на лицата над 65 години

Ана Ололовска

Евакуацијата на цивилите од Азовстал ја потврдија и Обединетите нации и Црвениот крст

Катерина Ѓуровски