Одбележување на Светскиот Ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Од:

Под мото: #Незапирливи македонскиот Црвен крст ќе се приклучи на одбележувањето на 8 Мај, Светскиот Ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина, а ќе ја со повеќе активности ќе ја одбележи и Неделата на Црвениот крст на РМ од 8 до 15 мај.

-Секоја година во Меѓународното Движење на Црвен крст и Црвена полумесечина го одбележуваме 8 Мај Светскиот Ден на Црвен крст и Црвена полумесечина, во чест на Анри Динан, основоположникот на нашето Движење, кој е роден на 8 Мај 1828 година. На тој ден ширум светот националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина преку пригодни активности ја подигаат свеста за значењето на нашите основни принципи и вредности и организираат најразлични активности за привлекување на нови членови и волонтери во Движењето и оддавање признание и благодарност до нашите партнери за поддршката која ја обезбедуваат на Црвениот крст/Црвена полумесечина, се вели во соопшението од Црвениот крст.

Но, додаваат оттаму, акцентот на нивните активности во изминатава година бил ставен на справување со последиците од глобалната пандемија предизвикана од Ковид-19.

-Во голема мера слоганот на овој наш годинешен празник се должи на напорите на нашето Движење да одговориме на последиците од коронавирусот. Се она што направија волонтерите и службата беше во функција да им се помогне на луѓето за подобро да се справат со пандемијата, велат од Црвениот крст.

Од оваа организација истакнуваат дека секој од нас игра важна улога во заедницата, таа да стане попријатно место за живеење и делување.

-Секое наше добро дело претставува чин за поттик на нашите граѓани да ни се приклучат во нашата мисија за да им помагаме на луѓето кои се нашле во незавидна положба. Сигурен сум дека, заедно, ќе продолжиме да бидеме „незапирливи“ во нашите напори да изградиме похумано општество во кое достоинството и добросостојбата на граѓаните ќе биде најважно од се, се вели во соопштението од македонскиот Црвен крст.

Би можело да ве интересира

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје, ќе се одржи генерална проба за симулациска вежба за земјотрес

Во знак на благодарност за солидарноста по земјотресот, училиште во Турција ќе го носи името на нашата држава

Орце Костов

Македонија собра еден милион и 150 илја евра за настраданите во катастрофалните земјотреси во Труција и Сирија

Катерина Ѓуровски

Црвениот крст ја обвини Европа за „двојни стандарди“ во однос на бегалците

Ана Ололовска

Град Скопје и Црвениот крст го промовираа проектот „Итно Копче“ за помош на лицата над 65 години

Ана Ололовска

Евакуацијата на цивилите од Азовстал ја потврдија и Обединетите нации и Црвениот крст

Катерина Ѓуровски