Одбележување на Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина

Од:

Под мотото „Сите сме црвени“, Црвениот крст на град Скопје во соработка со општинските организации на Црвениот крст кои дејствуваат на територија на Градот Скопје, ќе го одбележи Светскиот ден на Црвениот крст и Црвената полумесечина.

dobivaj vesti na viber

-Во 11 часот во магацинските простории на Црвен крст на град Скопје во Момин Поток, ќе се реализира донација на артикли од листата на приоритетни потреби на Министерството за здравство, наменета за Клиниката за инфективни болести во Скопје, како поддршка во услови на зголемена фреквенција на пациенти. За Инфективната клиника набавени се неопходни материјали – 1.650 парчиња постелнина, ќебиња, перници, пешкири… кои ќе бидат предадени на директорката на Клиниката Милена Стевановиќ, во присуство на претставници од Пивара Скопје. Финансиските средства за реализација на оваа активност на Црвениот крст е обезбедена од Фондацијата на Coca-Cola компанијата и Пивара Скопје, информират од Црвениот крст на Град Скопје.

Во рамки на планираните активности, од 10 до 11 часот ќе биде реализирана дистрибуција и на 500 маски и цвеќиња за граѓаните кои ќе бидат пресретнати од петте мобилни тимови во централното градско подрачје.

Активност за одбележување на денот, ќе биде и промоцијата на автобус на линијата број 57 на ЈСП Скопје, брендиран со логото на Црвениот крст и со слики од волонтери на Црвен крст.

-Вработените лица и повеќе од 13 милиони волонтери на Црвениот крст и Црвена полумесечина низ целиот свет помагаат на повеќе од 160 милиони лица секоја година обезбедувајќи различни и иновативни непристрасни услуги. Нашиот пристап е универзален, и се темели на нашите основни принципи: хуманост, непристрасност, неутралност, независност, доброволна служба, единство и универзалност, се додава во соопштението.

Светскиот Ден на Црвен крст и Црвена полумесечина, 8 Мај, е роденден на основач Анри Динан, и тој ден претставува годишно одбележување на Меѓународното Движење на Црвен крст и Црвена полумесечина. Секоја година, Националните друштва на Црвен крст и Црвена полумесечина организираат низа активности за промовирање на посебната улога на Движењето во своите земји каде ги решаваат хуманитарните предизвици, не оставајќи никој зад себе.

Би можело да ве интересира

Црвениот крст ја обвини Европа за „двојни стандарди“ во однос на бегалците

Ана Ололовска

Град Скопје и Црвениот крст го промовираа проектот „Итно Копче“ за помош на лицата над 65 години

Ана Ололовска

Евакуацијата на цивилите од Азовстал ја потврдија и Обединетите нации и Црвениот крст

Катерина Павлова-Николовска

Конвојот на Црвениот крст повторно се упатува кон Мариупол за евакуација на цивилите

Црвениот крст не успеал да стигне до Мариупол

А1он

Тренчевска: Обезбедена нова финансиска помош за 1000 лица од ранливите категории

А1он