Одбележување на Меѓународниот ден на архивите

Од:

Државниот архив на Република Северна Македонија денеска го одбележува 9 – ти јуни Меѓународен ден на архивите. На овој ден во Париз во 1948 година е формиран Меѓународниот архивски совет, организација посветена на унапредувањето и промовирањето на архивското работење и на заштитата на архивските материјали.

Оваа организација има околу 1.400 членови од 199 земји, меѓу кои е и нашиот Државен архив, и остварува тесна соработка со Советот на Европа, УНЕСКО и со други организации и институции.

– Овој ден архивистите од целиот свет пригодно го одбележуваат и ги потенцираат значењето и достигнувањата во сферата на архивистиката, како што тоа го прави и нашиот Архив. Но, поради околностите со пандемијата, годинава се организираат повеќе семинари и работилници преку интернет, на кои ќе учествуваат и наши претставници, вели во пишаната изјава директорот на Државниот архив, д-р Емил Крстески.

Според него, во последно време Меѓународниот архивски ден прераснува во Меѓународна архивска недела кога се организираат повеќе настани поврзани со работата и значењето на архивите, како нераскинлив дел од историјата и идентитетот на секоја земја и народ.

– Еден од тие настани е и утрешниот интернет-собир, организиран од страна на Меѓународниот центар за архивско работење од Хрватска, кој, всушност ќе биде советување на тема: „Архивите и научното општество”, а ќе биде промовирана и книгата „Архивите и дигиталното време”, која што, се надевам, наскоро ќе биде преведена и на македонски јазик, потенцира директорот Крстески.

Годинашнава Меѓународна архивска недела е посветена и на темите поврзани со унапредувањето на науката, вештачката интелигенција, дигиталната заштита и новите технологии, доверливоста на информациите и со други слични прашања кои имаат влијание врз практичното унапредување на архивската дејност и професија, стои во соопштението од Државниот архив на Република Северна Македонија.

Би можело да ве интересира

Судски предмети се чувале во подруми: Надзорот откри пропусти на Судскиот совет

Орце Костов

Ден на архивите и на архивистите

Ана Ололовска

Договорените проекти на нашиот Архив и бугарскиот во застој поради пандемијата

Ана Ололовска

Одбележани 70 години од постоењето на Државниот архив – чувар на нашата историја, култура, јазик и традиција

Државниот архив со свои изданија ќе учествува на 32. Саем на книгата

Ана Ололовска

Државниот архив одбележува 69 години од формирањето

Ана Ололовска