По повод одбележувањето 56 годишни од смртта на првиот претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов – Ченто, денеска беше положено свежо цвеќе пред споменикот изграден во негова чест во скопската населба Ченто.
Цвеќе положи делегација од општина Гази Баба предводена од градоначалникот на општина Гази Баба, Тони Трајковски, членови на Советот на општината, предводени од претседателот на Советот, Милан Андоновски, претставници од општинскиот комитет на ВМРО ДПМНЕ, Унија на жени и млади сили на ВМРО ДПМНЕ, Здруженија на пензионери и здруженија на граѓани.