Од утре до недела нема да биде во функција системот за прием и издавање лични документи

Од:

Министерството за внатрешни работи уште еднаш ги информира граѓаните дека поради миграција во нов систем од утре, 23 јуни од 21 часот до недела, 27 јуни до 21 часот нема да биде во функција системот за прием и издавање лични документи (лична карта, пасош и возачка дозвола).

-Се известуваат граѓаните кои имаат закажано термин за аплицирање за личен документ во итна постапка во деновите 23, 24 и 25 јуни 2021 година, да дојдат во просториите на Министерството каде што имаат закажан термин за личен документ на 22.06.2021 година во текот на целиот работен ден или на 23. 06.2021 година до 12 часот, наведува МВР.

Граѓаните, пак, кои имаат закажан термин за 23, 24 и 25 јуни 2021 година, во редовна постапка, правото за поднесување барање за личен документ ќе можат да го остварат во кој било термин на исто место каде што имаат закажано во периодот од 28.06. 2021 година заклучно со 02.07.2021 година.

-Воедно ги информираме граѓаните готовите лични документи да ги подигнат до 23.06.2021 година до крајот на работното време, бидејќи на 24 и 25 јуни нема да биде овозможено нивно издавање, соопштува МВР.

Би можело да ве интересира

Пунктовите за лични документи во Скопје на 29 и 30 ноември со полно работно време

Украл лична карта на соселанец и се обидел да подигне брз кредит, полицијата го привела

Орце Костов

Нови правила за вадење лична карта – измените на законот во Собрание

А1он

Граѓаните нема да трпат во остварувањето на своите права, вели Спасовски за обврската за промена на личните документи

Три недели по смртта на Мемет Камбер, роднините се уште не го добиле телото: Се уште е невидлив за државата

Орце Костов

Од денеска стапува на сила Договорот за слободно движење во Западен Балкан со лични карти

Горан Наумовски