Обвинителката од згаснатото СЈО Лиле Стефанова денеска ќе сведочи за „Рекет“

Од:

Обвинителката од згаснатото СЈО Лиле Стефанова денеска треба да се појави во Кривичниот суд и да сведочи за случајот „Рекет“.

Стефанова е обвинителката од СЈО која го водеше случајот „Империја“, каде еден од осомничените е бизнисменот Орце Камчев и сега оваа истрага е во рацете на Јавното обвинителство. Како сведок на денешното рочиште треба да се појави и Бурим Рустеми, обвинител од СЈО.

Стефанова преходно тврдеше дека ексшефицата на СЈО Катица Јанева без нејзино знаење носела одлуки за случајот „Империја”, велејќи дека барањето за издавање времен пасош на Орце Камчев било одобрено без таа да дaде согласност. Дополнително, таа тврдеше дека обвинителката Јанева на состанок со обвинителите барала предметот „Империја“ да се затвори и никој да не оди во затвор

Името на Стефанова се споменуваше и во објавените снимки на италијанскиот „Ла Верита“. Па така, кога гласот за кој се тврди дека е на Бојан Јовановски вели дека бизнисменот (Орце Камчев) „се плаши од Лиле“, специјалната обвинителка Јанева, според снимките, кажува: „Јас многу сум ангажирана, затоа не ја држам така редовно под контрола, инаку без мене она не може ништо“.

На досегашните рочишта за „Рекет“ меѓу другите сведочеа бизнисменот Орце Камчев и неговата сопруга Ана, обвинителката Елизабета Јосифовска, сметководителката во приватните фирми на Камчеви, новинарот Христијан Баневски од телевизија 1ТВ и други.

Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција во октомври годинава поднесе обвинение против Бојан Јовановски, Катица Јанева и Зоран Милески – Кичеец.

Првообвинетиот Јовановски се сомничи дека сторил кривично дело „перење пари и други приноси од казниво дело“, а Јанева и Милески за „примање награда за противзаконито влијание“. Ексшефицата на СЈО се товари и дека сторила и кривично дело „злоупотреба на службена положба и овластување“. Во обвинението се тврди дека тие изнудувале милиони евра од бизнисменот Камчев за да биде олеснета неговата положба во случајот „Империја“.

Обвинетите Бојан Јовановски – Боки 13 не ја признаа вината, додека Зоран Милески – Кичеец на првото рочиште призна вина и беше осуден на казна затвор од три години.

Ексшефицата на СЈО Катица Јанева се наоѓа во куќен притвор од 19 ноември 2019, а претходно, од 21 август 2019, беше во притвор во истражниот затвор во Шуто Оризари.

Јовановски, иако постојано се жали на лоша здравствена состојба и бара да биде пуштен, се наоѓа во притвор од јули минатата година.

Би можело да ве интересира

Притворен рекетар од Скопје кој од жртвата барал 180.000 евра

Мијалков излегува порано од затвор, Апелација го врати предметот „Империја“ на повторно судење

Орце Костов

„Орка Холдинг“ на Орце Камчев ќе го презема целосно „Жито Полог“

Орце Костов

Ниту измените во Кривичниот законик, ниту најавената амнестија не ја опфаќаат Катица Јанева

Се распродава имотот на Мијалков – јавно наддавање за станови во Охрид, плац на Кожуф, земјиште

А1он

Агелер: Ние нема да ги апсиме оние што се на листата, одлуките зависат од вашите судски органи

А1он