ВИДЕО: Обвинетите за организација на настаните од 27 април не чувствуваат вина

Од:

Заврши главната расправа за организација на насилствата на 27 април. За случајот обвинети се поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, ексминистрите за транспорт и врски и за труд и социјална политика Миле Јанакиески и Спиро Ристовски, како и екс директорот на УБК Владимир Атанасовски.

Тие се товарат за кривично дело- терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста.

Вељаноски пред судот рече дека не се чувствува виновен по обвинението, и дека ќе го докаже тоа во текот на постапката. Тој коментираше дека ова е класичен политички прогон за да се влијае врз пратениците за уставните измени.

„Го разбрав обвинението, но разбрав дека обвинителството дека нема докази, и дека ова е класичен политички прогон по нарачка на функционерите од извршната власт, со цел да се влијае врз пратениците за уставните измени. За сево ова има докази, а во најскоро време и јавноста ќе ги дознае. Не се чувствувам ни најмалку виновен“, рече Вељаноски.

Јанакиески рече дека невиноста ќе ја докажел низ постапката, а Атанасовски кратко кажа дека не се чувствува виновен.

Обвинителката Вилма Русковска, која го води случајот, пак, рече дека ќе докаже оти обвинетите изготвиле план за да го загрозат уставниот поредок и безбедноста и да спречат мирно предавање на власта.

Според неа, тие биле коцките од мозаикот, а нивните услогласени дејствија придонеле тој да функционира.

„Ќе слушнете како Јанакиески и Ристовски критичниот ден се јавувале по штабовите и организирале превоз до Скопје за поголема масовност на протестот и за влегување на народот во Собрание. Ќе ги слушнете пораките испратени до луѓето. Вратите ги отворија затоа што така им беше кажано од обвинетите, но и од нивниот лидер, Никола Груевски, кој толку сакаше да се соочи со народот на избори, но кога требаше да се соочи со правдата најкукавички избега. Трајко Вељаноски постапи спротивно на деловникот на собранието, одби да се изврши промена на точките на дневен ред по барање на Оливер Спасовски кого го поддржуваа повеќе од 10 пратеника, но затоа не заборави да се допишува со Груевски. Дали Трајко Вељаноски се обиде да ги спаси пратениците, да го спречи лудилото одговорот е едноставен – НЕ. Не само што не направи ништо, туку неговиот началник Горан Ѓошевски на групата предводена од Никола Митревски Кољо им помогна да стигнат во сала број 3 каде тогаш се наоѓаат пратениците од новото парламентарно мнозинство“, рече таа во воведниот говор.

Според обвинението, Јанакиески и Ристовски го мобилизирале и координирале членството на ВМРО-ДПМНЕ, а експретседателот на Собранието, Вељаноски, спречувал да се избере нов претседател на Собранието од новото парламентарно мнозинство во 2017 година.

Ексдиректорот на УБК, Атанасовски, бил задолжен да ги мобилизира членовите на патриотските здруженија, но и за издавање наредба да се извадат хард дисковите од Собранието, каде што биле складирани снимки од насилниот настан.

Вељаноски како претседател на Собранието знаел дека се планира упад во Собранието и бил во постојана комуникација со Груевски кого го известувал што се случува.

Во обвинението, кој советот за оценка на обвинителен акт го прифати минатиот месец, пишува и дека по секоја цена требало да се спречи мирно предавање на власта со избор на претседател на Собранието.

Обвинителниот акт се темели на наредби за претрес во домови на обвинетите, одземени предмети, вештачење на мобилните телефони, фотографии и видеа, како и листинзи од мобилните оператори, кои покажуваат со кого разговарале обвинетите пред и за време на крвавите инциденти во Собранието.

Би можело да ве интересира

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

(ВИДЕО) Го спаси Села во собранието, одлежа шест години затвор: Алими денеска излезе на слобода

А1он

Прва пресуда од Стразбур за 27 април – Божиновска: Сакам правда, не пари

Анита Петровска Рајковиќ

Предметот „Организаторите за 27 април“ вратен во Кривичен суд, рочиштето одложено

Ана Ололовска

Група граѓани пред Собранието побара слобода за обвинетите за 27 април

Ана Ололовска

СДСМ: „27 април“ е најцрниот датум во историјата на македонската демократија