Предметот „Организаторите за 27 април“ вратен во Кривичен суд, рочиштето одложено

Од:

Кривичен суд го одложи рочиштето за предметот „Организаторите за 27 април“ за 25 мај, откако претходно Апелационен суд ја укина пресудата под образложение дека Кривичниот суд сторил суштествени повреди, но недоволно образложил зошто ги одбил за амнестија обвинетите организатори за собраниските инциденти од 27 април.

Рочиштето го водеше судијата Илија Трпков кој сите поднесоци доставени до него ги предаде на Јавниот обвинител.

Обвинителот рече дека во вкупниот број на поднесоци, три се донесуваат на примена на законот за амнестија, при што нагласи дека по барањата не може да се произнесе.

-Јавниот обвинител не може во моментот да се произнесе по овие барања во смисла на важење на Законот за амнестија и од тие причини предлагаме да се одложи денешното рочиште за да може јавнито обвинител да ги разгледа овие барања, истакна обвинителот.

Основниот кривичен суд Скопје на 26 јули 2021 година им изрече вкупно 25 години затвор на четворицата обвинети за случајот познат во јавноста како „Организатори на 27 април“ и тоа 6 и пол години казна затвор за поранешниот собраниски спикер Трајко Вељаноски, 6 години и три месеци казна затвор за екс-министерот за образование Спиро Ристовски, и 6 години и три месеци казна затвор за министерот за транспорт Миле Јанкиески, додека на екс директорот на УБК Владимир Атанасовски шест години казна затвор.

Би можело да ве интересира

Јанакиески бил незаконски притворен и држен во домашен притвор за „Шпански скали“ и 27 април, пресуди судот во Стразбур

Александар Тодески

(ВИДЕО) Го спаси Села во собранието, одлежа шест години затвор: Алими денеска излезе на слобода

А1он

Прва пресуда од Стразбур за 27 април – Божиновска: Сакам правда, не пари

Анита Петровска Рајковиќ

Група граѓани пред Собранието побара слобода за обвинетите за 27 април

Ана Ололовска

СДСМ: „27 април“ е најцрниот датум во историјата на македонската демократија

Реакција на Кривичен суд: Апелационите судии наместо да ги држат по една година и да ги враќаат предметите можат мериторно да одлучуваат

Горан Наумовски