(ВИДЕО) Го спаси Села во собранието, одлежа шест години затвор: Алими денеска излезе на слобода

Од:

Абдилфета Алими, одлежа шест години во Идризово и е прв од осудените осудени за упадот во Собранието на 27 април кој излегува на слобода.

На излезот од затворот го пречекаа членовите на неговото блиско семејство, а присутен беше и поранешниот претседател на Алијанса за Алабанците, Зијадин Села, кој настанот го пренесуваше во живо на социјалните мрежи.

Имено Алими е човекот кој го спасил Села за време на настаните во собранието и поради тоа доби поблага казна од останатите осудени.

Села го нарече Алими негов брат и човек кому му го должи неговиот живот.

„Реков дека од 27 април ми е додаден пријател, брат, член на семејството. Денес помагам како член на семејството, се чувствувам слободен како што се чувствува Фетаи. Се чувствувам горд на непобедливоста и машкоста на Фетаи, овој човек никогаш не се понижи“, рече Села.

„Во добра здравствена состојба сум, им благодарам на моето семејство, на моите соселани, на сите Албанци за поддршката, особено на мојот пријател Зијадин Села кој во секој момент ми го вардеше грбот. Ви благодарам вам и на медиумите што ме поддржувате. Слободата е скапа, тука поминав многу време. Годините овде не беа лесни, но со божја помош ги минав“, рече Алими.

 

Би можело да ве интересира

Јане Ченто поднесе кривична пријава против Вилма Русковска за случајот „27 април“

Мицкоски: „27 април“ е политички монтиран случај од страна на претходната власт

(ВИДЕО) Кузеска: Девет години од крвавиот 27 април – ги гледаме истите тенденции на заробената држава

Јане Ченто поднесува кривична пријава против Вилма Рускоска за 27 април

Села ќе формира нова партија „Албански сојуз“

Села бара од Уставниот суд оценка на уставноста на измените за „Безбеден град“

Горан Наумовски