Објавена листата на фирми што зеле државна помош, а не им платиле на работниците

Од:

Владата ја објави листата на над 700 компании за кои било утврдено дека зеле државна помош за исплата на минимални плати за своите вработени во април и мај, но не им ги исплатиле средствата на работниците.

Според УЈП, голем дел (околу 3.750) од фирмите што добиле државни пари во овој период, им исплатиле по помалку од една минимална плата на вработените, додека до работниците во некои фирми не стигнал ниту денар од државната помош.

Државата им исплати околу 79 милиони евра на околу 20 илјади македонски компании како помош за исплата на минимална плата за над 100 илјади вработени за месеците април, мај и јуни. Според УЈП, околу два милиони евра од овие пари не стигнале кај вработените, а нецелосна била исплатата кон вработените на отприлика секоја седма помогната фирма.

Целосната листа на компании може да се најде на следниов линк.

Би можело да ве интересира

Прекин во работењето на системот е-Даноци

Големите компании донираат милиони за Трамп

УЈП ја објави листата на должници, намален бројот на компании должници, зголемен кај физичките лица

УЈП: 1.198 даночни обврзници да го платат веднаш ДДВ долгот за октомври

А1он

Поради зголемен прилив на ДДВ-04 пријави, системот Е-даноци работи забавено

УЈП очекува детали од Министерството за финансии за најавеното намалување на даноци