Стратешка реформа за фискална стабилност и економски развој-нов закон за ангажирање

Од:

Директорката на Управата за јавни приходи, Елена Петрова присуствуваше на јавната расправа за предлог Законот за работно ангажирање на лица, кој се разгледуваше на Комисијата за економски прашања, труд и енергетска политика во Собранието на Република Северна Македонија.

Директорката Петрова пред Комисијата ги презентираше ставовите на Управата за јавни приходи како еден од главните носители во примената на Законот и даде конструктивни предлози за подобрување на текстот на Законот во насока на подобра имплементација на истиот. Беа дадени предлози за воведување систем и процедури кои ќе функционираат ефикасно, ќе овозможат лесно исполнување на законските обврски на работодавачите и ќе обезбедат база на податоци за следење и континуирано подобрување на економските политики.

Целта е, како што беше појаснето, да се обезбеди правна заштита за работниците, да ги гарантира нивните права, социјална и здравствена заштита, јасно дефинирани обврски при ангажирање на работниците и ефикасен регистар за пријава на работниците, формализација на непријавени работници, а со тоа и повеќе приходи по основ на даноци и придонеси.

Оваа реформа се очекува да има директно позитивно влијание врз секторите земјоделство, угостителство и домашни услуги – индустрии каде потребата од работна сила за сезонска и повремената работа се неопходни, но досега нерегулирани.

Како што беше презентирано од страна на пратениците – предлагачи, целта на оваа законска иницијатива е да се намали неформалната економија, да се зголемат јавните приходи и да се придонесе кон подобрување на условите за работниците и работодавачите. Предлог законот е во согласност со стратешките цели на државата за поддршка на формализацијата на неформалната економија, согласно „Стратегијата за формализирање на неформалната економија“ за периодот 2023-2027 година. Законското решение е креирано во согласност со искуствата од земјите од регионот и Европската унија, а неговата примена ќе се потпира на воспоставување на регистар за евиденција на работно ангажирање, кој ќе биде усогласен со постојните системи и ИТ мрежи.

Донесувањето на овој Закон значи дека работниците, кои досега беа без заштита, ќе добијат безбедност и правна сигурност, а работодавачите ќе имаат поедноставени процедури за ангажирање без административни пречки.

Со овој закон, Република Северна Македонија поставува нови стандарди во борбата против неформалната економија и гради праведно и одржливо деловно опкружување.

Би можело да ве интересира

Од Владата тврдат дека Македонија е со една од најниските стапки на инфлација во Европа

A1on

Димитриеска-Кочоска: Растот од 4,3% потврдува дека економијата е на вистинскиот пат

ОКТА ги пушти во употреба првите системи за батериско складирање на енергија

Шведска нуди до 32.000 евра за доброволно враќање во матичната земја

Шпанија го засилува истражувањето на бакарот, Македонија сè уште не го користи потенцијалот од Иловица

Незадоволство во Македонски Телеком: Генералниот директор цел месец не се појавил на работа, а зема најмалку дваесет илјади евра

Предраг Петровиќ