На 360 граѓани од Прилеп, Охрид и Ресен им се исплатени средства во филијалата на Алта банка во Битола

Од:

На 360 граѓани од Прилеп, Охрид и Ресен кои немаат платежни картички во Алта банка денеска им беа исплатени средства во филијалата на „АЛТА банка“ АД Битола.

Народната банка соопшти дека исплатата се одвивала во најдобар ред, со добра организација и непречено опслужување на граѓаните.

– Особено успешно беше реализиран организираниот превоз на клиентите на „АЛТА банка“ од Прилеп, Охрид и Ресен до филијалата во Битола и назад. Превозот се одвиваше според предвидениот распоред, а граѓаните од трите града имаа можност на полесен начин да пристапат до средствата на своите сметки. Граѓаните кои денеска ги подигнаа средствата можеа да повлечат до 20.000 денари, во рамките на максимално дозволениот износ за период од две недели – велат од Народна банка.

Оттаму потсетуваат дека од понеделник ќе започнат со работа и шалтерите на „АЛТА банка“ во Тетово и Струмица. На овие шалтери, клиентите на Банката кои немаат платежни картички ќе можат да подигнат до 20.000 денари.

Истовремено, од следната недела се зголемува и неделниот лимит за подигање готовина и плаќања на продажните места со платежните картички на Банката, од 10.000 на 15.000 денари.

Би можело да ве интересира

Ангел Анѓушев: За успех на странските пазари не е доволна само добра цена, туку и висок квалитет

Предраг Петровиќ

Кузеска: Во ист ден имаме две признанија пред јавноста кој ја донесе Алта банка, обвинителот Савески има обврска да реагира

Предраг Петровиќ

Андоновски: Европската комисија го потврди одличниот напредок во дигиталната трансформација на државата

Петрушевски: Филипче и партнерите од СДС треба да одговараат кривично за саботажа на банкарскиот систем во државата

„И Здравје и Работа“: Македонија треба да ги следи европските политики за критични суровини и да создаде услови за одговорно рударство

Европската комисија нотира добро ниво на подготвеност на Царинската управа во спроведување на реформите за забрзана интеграција во единствениот пазар на ЕУ