Објавен Вториот извештај за медиумското покривање на референдумот 2018

Од:

Кај најголемиот дел од медиумите се забележува поголема застапеност на ставовите „за“ референдумот, додека кај ниту еден нема прилози со ставот „против“ што е резултат на отсуство на агитација за оваа опција. Информациите за активностите и ставовите за „бојкот“ се присутни помалку и главно се однесуваа на изјавите на претседателот Ѓорге Иванов, Кризниот штаб „Македонија бојкотира“, Светскиот Македонски Конгрес и Левица, покажува Вториот извештај од мониторингот на медиумското покривање на референдумот 2018 што денеска го објави Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги.

Мониторингот се однесува на периодот од 19 до 27 септември 2018 година.

– Резултатите од мониторингот покажаа дека и во вториот извештаен период, медиумите генерално настојуваа да обезбедат информации за различните аспекти на референдумскиот процес. За разлика од дневно-информативните емисии, повеќето радиодифузери настојуваа да обезбедат разновидност на ставовите во посебните информативни емисии, наведува Агенцијата.

Повеќе детали за Вториот извештај од мониторингот може да се прочитаат на веб страницата www.avmu.mk.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДСМ: Нема пари за референдум, но има за тендери и луксуз

ВИДЕО: Филипче бара референдум за ЕУ: Граѓаните да одлучат дали сакаат да ја платат цената заради Мицкоски

Лорковски: Македонија напредува, но потребно е дополнително усогласување со енергетското законодавство

Обвинителство оформи предмет по допрен глас за заканите кон новинарот Александар Видиновски

АВМУ: Пресудата против новинарката Лиридона Вејсели е негативна порака за медиумските слободи