Нови рочишта за „Тортура“, „Тендери“, „Тарифа“ и „Титаник 3“

Од:

Во Кривичниот суд во Скопје за денеска се закажани нови рочишта за случаите „Тортура“, „Тендери“, „Тарифа“ и „Титаник 3“ на Специјалното јавно обвинителство.

Случајот „Тортура” се однесува за начинот на лишување од слобода на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски во 2011 година и се наоѓа во доказна постапка.

За мачење и друго сурово, нечовечко или понижувачко постапување и казнување, при апсењето на Бошковски, обвинети се поранешниот директор на УБК Сашо Мијалков и екс првиот човек на единицата Алфи, Ивица Антевски Пуки, како и петтмината припадници на „Алфите“.

На денешното рочиште за случајот „Тендери“, каде првообвинета е поранешната министерка за култура Елизабета Канческа Милевска за тендерот за извршување градежни работи во Музејот на македонската борба за државност и самостојност од проектот „Скопје 2014“, треба да бидат сослушани тројца сведоци.

На обвинителна клупа денеска треба да седнат и поранешниот генерален директор на АД „ЕЛЕМ“ Дејан Бошковски и уште две други лица, кои се обвинети во случајот „Тарифа“.

Во овој предмет станува збор за обвинение за противзаконска набавка на софтверски систем за потребите на државната компанија „Електрани на Македонија“ вреден околу четири милиони евра.

Во Кривичниот суд, денеска треба да продолжи и судењето за случајот „Титаник 3“ во кој се обвинети Ејуп Аљими и Исмет Гури од ДУИ. Тие се товарат дека како членови на Општинската изборна комисија во Чаир на локалните избори во 2013 година уништувале изборен материјал.

Би можело да ве интересира

Застаре случајот „Тендери“ во кој беше обвинета Канческа-Милевска

Катерина Ѓуровски

Со еден од обвинетите била колешка, а со друг се познавала од слави: Судијката Димовска побара да биде изземена од Судечкиот совет во „Титаник“

Катерина Ѓуровски

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Два рамковни договори по шест милиони од Петровец кај градежната „Адра“, градоначалникот вели: Немаме таква набавка

Александар Тодески

За шест години, над 362 милиони евра народни пари кај седум градежни комапнии

Обвинителството најави жалба на ослободителната пресуда за „Тендери“

Горан Наумовски