Нови рочишта за „Т.Н.Т“, „Транспортер“ и „Тендери“

Од:

Во Кривичниот суд за денеска се закажани нови рочишта за предметите на Специјалното јавно обвинителство „Т.Н.Т“, „Транспортер“ и „Тендери“.

Случајот „ТНТ“ се однесува на уривањето на комплексот „Космос“ на бизнисменот и претседател на Партијата за европска иднина (ПЕИ), Фијат Цаноски, а во него обвинети се поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за траснпорт и врски Миле Јанакиески, поранешниот градоначалник на општина Гази Баба Тони Трајковски, градежна инспекторка од Гази Баба и тројца членови на општинската комисија за набавки.

Според обвинителниот акт, со постапката на уривање е предизвикана штета од 16 милиони евра, а дополнително на буџетот на општина Гази Баба уште три милиони денари. Цаноски и фирмата ФИМЕТ најавија дека ќе поднесат побарувања за причинетата штета.

Одбраната на обвинетите во предметот на СЈО „ТНТ“ на минатото рочиште побара изземање на судечкиот совет, претседателот на Кривичниот суд Иван Џолев и в.д. претседателот на Апелацискиот суд Лидија Димчевска. По барањата одлучува Врховниот суд на РМ.

Барањето, како што образложија адвокатите, е поради тоа што специјалната јавна обвинителка Катица Јанева дала изјава на национална телевизија дека има судии кои постапуваат по предмети на СЈО, а биле прислушувани. Одбраната на 26 март побарала од СЈО информација кои се прислушуваните судии, но досега не добиле одговор. По поднесувањето на ова барање на адвокатите, дадена е пауза за негово разгледување.

На обвинителна клупа денеска треба да седне и поранешната министерка за култура Елизабета Канческа – Милевска, која е првообвинета во случајот „Тендери“, кој се однесува на изведување градежни работи на Музејот на македонската борба за државност и самостојност во Скопје.

Судењето ќе продолжи со сослушување на аудио снимки кои се доказ во постапката.

Второ и трето обвинетите во овој случај биле членови на Комисијата за јавни набавки.

Ново рочиште треба да се одржи и за случајот „Транспортер“ во кој се обвинети поранешниот битолскиот градоначалник Владимир Талески и уште 20-тина лица за злоупотреба на службената положба во врска со организирањето превоз на ученици во Битола, со што е направена проневера на околу 360.000 евра.

Би можело да ве интересира

Застаре случајот „Тендери“ во кој беше обвинета Канческа-Милевска

Катерина Ѓуровски

Кривичен за „ТНТ“: Мериторно одлучување на второстепениот суд при жалбени постапки е единствен начин за судење во разумен рок и економичност и ефикасност на постапките

И Обвинителството и одбраната бараат застарување на случајот за уривањето на Космoс

Александар Тодески

Апелацискиот суд ќе одржи јавна средница за случајот „ТНТ“

Дел од измените на Кривичниот законик од утре стапуваат на сила: Што ќе значат за осудените ексфункционери

Александар Тодески

Два рамковни договори по шест милиони од Петровец кај градежната „Адра“, градоначалникот вели: Немаме таква набавка

Александар Тодески