Кузеска: Една фирма добила тендери вредни 4,5 милиони евра од Аеродром, Кисела Вода, Неготино и Министерството за спорт

Од:

Една иста фирма, во општините кои ги водат градоначалниците на ДПМНЕ, но и во институциите добиваат милионски суми од тендерите и најчесто се јавуваат како единствени понудувачи. Станува збор за уште една фирма омилена на власта: Мастеф ДООЕЛ Скопје. Преку неколку општини и институции оваа фирма во последните три години има добиено тендери вредни над четири милиони евра, рече портпаролката на СДСМ Богданка Кузеска на прес конференција на која покажа и документи за кои вели ги поткрепуваат овие тврдења.

– За оваа иста фирма, од унгарскиот кредит, има одлука за избор за проценета вредност од 25.256.509 денари или околу 400.000 евра. Во општина Кисела Вода каде градоначалник е Орце Ѓорѓиевски од ДПМНЕ, за период од 2022 година до 2024 година, оваа фирма има добиено тендери во вредност од 1,7 милиони евра. Од општина Аеродром, и во време кога градоначалник бил Тимчо Муцунски оваа иста фирма има земено тендери, односно склучени договори тешки речиси 1 милион евра.Во општина Неготино, каде градоначалник е Стојанов од ДПМНЕ од 400.000 илјади евра. Од вкупно 13 тендери во овие општини на дури 11 фирмата се јавува како единствен понудувач.Најголем дел од договорите се со иста вредност како проценетата вредност. Ова е првиот сомнеж, дали можеби сумата била однапред договорена? Оваа иста фирма добила тендери и во Министерството за спорт и министерот Борко Ристовски, со Договор од 65,5 милиони денари или околу 1 милион евра. Како е можно една иста фирма да биде победник на толку многу тендери во општини и институции и да добие 4,5 милиони евра, праша Кузеска.

Би можело да ве интересира

СДСМ бара нови избори во Карпош, Мицкоски вели боледувањето на Лукровски било лична работа

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Цветановски: Две години ветувања, нула резултати – граѓаните плаќаат за економскиот неуспех на Мицкоски

СДСМ: Денес истекува рокот за исполнување на Реформската агенда

СДСМ: Престанете да бегате од граѓаните, распишете референдум, граѓаните нека одлучат

Горан Наумовски

СДММ: Дали 5 милиони евра е дилот за Гета, Владата да каже колку пари ќе платат граѓаните

(ВИДЕО) Кузеска: Распишете референдум, граѓаните нека одлучат дали сакаат нивните деца да платат цена за Мицкоски