Нова тепачка меѓу колеги во Скопје, овој пат во центарска кафеана

Од:

Двајца вработени во скопски угостителски објект вчера прво се скарале, а потоа и физички се пресметале, соопшти полицијата. Настанот се случил во кафеана во Центар.

„На 18.04.2021 околу 16.05 часот во СВР Скопје било пријавено дека во угостителски објект на подрачје на Центар, по претходна расправија, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка пресметка помеѓу двајца вработени С.Х.И.Ц.(37) од Скопје и М.Б.(44) од Скопје,“ се вели во полициското соопштение.

Сочинет е записник за констатиран прекршок по член 11 од Законот за прекршоците против јавниот ред и мир, додаваат од полицијата.

И на почетокот на месецов, беше забележан сличен настан, кога колеги-обезбедувачи се тепаа на работно место во скопско училиште.

Би можело да ве интересира

Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Клековски: Има злоупотреба кај секое петто боледување во МВР

Пронајдено женскo тело во распаѓање во Кочанско

Катерина Ѓуровски

Починато 18- годишно момче било донесено во болницата во Гостивар

21-годишник возел 105 километри на час на булевар во Штип

Анакиев доби 30 дневен притвор

Предраг Петровиќ