Уапсен возачот кој синоќа усмрти пешак во Марино

Од:

Возач е лишен од слобода откако синоќа со автомобил удри пешак во скопското село Марино, кој почина на местото на несреќата.

Според информациите од Министерството за внатрешни работи, на 24 март 2026 година околу 23:20 часот било пријавено дека на улицата „500“ во село Марино, општина Илинден, патничко возило „киа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 21-годишниот А.А., удрило во пешакот О.М. (52), исто така од Марино.

Од здобиените повреди пешакот починал на самото место, а смртта ја констатирал лекар од Итната медицинска помош.

По наредба на јавен обвинител, телото на починатиот е предадено на обдукција, додека возилото е одземено за понатамошно вештачење. Возачот е лишен од слобода и задржан во Полициската станица Гази Баба.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

Би можело да ве интересира

Битолчанка и Естонец измамиле стотици граѓани со лажна инвестициска платформа

Малолетник од Боговиње ранет во стомакот, наводно од случајно испукан куршум

Катерина Ѓуровски

Млад делчевец нашол 114.000 денари и 2.000 евра, ги однел во полиција

Катерина Ѓуровски

Четворица пијани возачи предизвикале сообраќајни несреќи, една со смртен исход

Охриѓанец почина откако кануто му се превртело во Езерото

Катерина Ѓуровски

66-годишен маж пронајден починат во неговиот дом во Кичево

Катерина Ѓуровски