Нова финта за изигрување на мерките: плаќаат ноќевање за да можат и по 21 часот да останат во хотелските ресторани

Од:

Скопјани имаат нова финта за изигрување на мерките за заштита од Ковид – 19 со која, безбедни од инспекција и од полиција, можат да седат во ресторан и по дозволеното работно време на угостителските објекти. Одат во хотелски ресторани на кои им е дозволено да работат и по 21 часот за гостите што се сместени кај нив. Плаќаат ноќевање, но во собите воопшто не влегуваат.

„Овој нов начин на забава до доцна во ноќта нашите инспектори го воочија засега во два скопски хотела. Плаќаат по 15 – 20 евра, ги заведуваат во книгите за гости, а цело време остануваат во хотелскиот ресторан. Инспекторите не им можат ништо оти, законски, тие се гости на спиење во хотелот за кои е дозволено да го користат ресторанот или барот. Јасно е дека ги изигруваат мерките оти во собите не влегуваат туку едноставно си заминуваат кога ќе завршат со забавата“, вели Стојко Пауновски, директор на Државниот пазарен инспекторат за „А1он“.

Во ваквите случаи инспекторите си заминувале откако ќе проверат дали во рестораните каде што седат гостите се почитуваат мерката за растојание од 1,5 – 2 метра меѓу масите и дали на една маса има повеќе од четворица гости, за кои велат дека, генерално, се почитуваат.

До 21 јануари на сила беше мерката хотелите да ги затворат рестораните во 21 часот, но по 21 јануари Владата дозволи работното време на угостителските објекти да се помести за три часа и тие да работат до 21 часот, а исклучок од ова ограничување, соопшти дека се прави за рестораните или деловите за исхрана во угостителските објекти за сместување односно во хотелите, мотелите, хостелите, пансионите и други објекти за сместување, за лицата сместени во објектите. Со олеснувањето на мерките за угостителските објекти, престана да важи ограничувањето за работа до 21 часот на хотелските ресторани за гостите сместени во хотелот.

Би можело да ве интересира

Владата го утврди текстот на Предлогот на закон за финансиска поддршка на социјално ранливи категории на граѓани

Антикризни мерки: Учениците ќе добиваат од 1.200 до 1.800 денари месечно, по 3.000 денари за пензионерите со ниски пензии

A1on

Лавина од реакции по потпишувањето на протоколот со Русија: Ова е обид да се дисциплинира Србија

А1он

Европратеникот Ковачев: Историските препораки се задолжителни услови во преговарачката рамка

A1on

Бујар контра Османи: Како министерот седум дена манипулира дека „утре“ ќе го објави протоколот

Кристијан Ландов

ВИДЕО: Маричиќ го демантираше Османи дека протоколот е усогласен со Генчовска

A1on