Нимиц: Немам нов предлог за името

Од:

Посредникот на Обидинетите нации, ОН, Метју Нимиц, доаѓа во Македонија без нов предлог за името. Ова го потврди и самиот тој, пристигнувајќи во Скопје и најавувајќи дека сите официјални средби ќе ги одржи утре.

– Само што пристигнав и ги очекувам утрешните средби и дискусии со владата, изјави Нимиц по неговото пристигнување во Македонија.

На прашањето со кого ќе се среќава денеска, тој одговори дека средбите се утре, а за денеска биле планирани само приватни средби.

Одговарајќи на прашањето дали доаѓа со нов предлог за спорот за името, „Не. Немам нов предлог, но имам работи во мојата глава“, одговори Нимиц.

Тој, според неофицијални информации, првата средба утре ќе ја има со министерот за надворешни работи, Никола Попоски, потоа со претседателот на државата Ѓорге Иванов, за на крај да се разговара со премиерот Никола Груевски. Неофицијалните информации се дека тој денеска неформално ќе има својата прва средба со новиот македонски претставник во разговорите за името, Васко Наумовски.

Би можело да ве интересира

Снег падна во Грција – наставата во училиштата прекината, сообраќајот е во хаос

А1он

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Грците ги затвораат патиштата и граничните премини

Воздушниот простор над Грција е целосно затворен

Планинари пронајдени мртви

Предраг Петровиќ

Грција e под притисок: Земјоделците ги држат патиштата блокирани