Двајца загинати во судирот на два хеликоптери додека го гаснеа големиот пожар во Грција

Од:

Двајца загинати и двајца спасени е билансот од несреќата со двата хеликоптера што се судрија во Грција за време на операција за гаснење на големиот шумски пожар во близина на Псата во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, а станува збор за изнајмени хеликоптери од типот „Бел“, како што соопштија од противпожарната служба на Грција.

Веднаш по сударот биле мобилизирани спасувачки екипи, а со операцијата на терен раководел началникот на противпожарна служба на Грција – Теодорос Вајас.

– Во двата хеликоптера беа вкупно четворица мажи, од кои двајца грчки и двајца странски државјани. Двајца од нив се пронајдени живи, додека двајца беа извлечени без знаци на живот и беа преземени од возила на итната медицинска помош, соопштија од противпожарната служба на Грција.

Тие додадоа дека двата изнајмени хеликоптери полетале од аеродромот Елефсина во близина на Атина, а надлежните органи ги истражуваат точните причини и околностите под кои се случила несреќата.

На социјалните мрежи во Грција беше објавено видео од моментот на сударот, на кое се гледа дека едниот од хеликоптерите веднаш по сударот се запали и падна во шумско подрачје.

Би можело да ве интересира

Грција ги забранува социјалните мрежи за лица помлади од 15 години

А1он

(ФОТО) Татко и син живи ќе изгореа во пожар во куќа во Белград – спасени во последен момент

А1он

(ВИДЕО) Експлозија во Атина, повредени се најмалку четири лица

(ВИДЕО) Пожар во воена база во Канада, има жртви

(ВИДЕО) Пожар во Калифорнија зафати 465 хектари – издадена е наредба за итна евакуација

Поплави во Турција: Четири лица загинаа, три се водат како исчезнати