(ВИДЕО) Два хеликоптера се судрија во воздух додека го гаснеа големиот пожар во Грција

Од:

За време на операција за гаснење шумски пожар во областа Псата во западниот дел на областа Атика, поширокиот регион на Атина, во воздух се судрија два хеликоптера кои учествуваа во гаснењето на пожарот, а во тек е акција за спасување на членовите на екипажот.

Од противпожарната служба на Грција соопштија дека веднаш беа мобилизирани сили за спроведување операција за пребарување и спасување на членовите на екипажите.

Според видеото објавено на социјалните мрежи во Грција од моментот на сударот, едниот од хеликоптерите веднаш по сударот се запали и падна во шумско подрачје.

Според неофицијалните информации пилотите на двата хеликоптера се романски државјани, додека пак координаторите се Грци.

Би можело да ве интересира

Фатена е криминална група во Солун – прошверцува над 17 милиони цигари

А1он

(ВИДЕО) Четворица војници загинаа при пад на воен хеликоптер во Турција

А1он

Во Солун уапсен маж кој се барал со меѓународна потерница за тешка кражба во Македонија

Грција ги забранува социјалните мрежи за лица помлади од 15 години

А1он

(ВИДЕО) Експлозија во Атина, повредени се најмалку четири лица

Пожари кај селата Матејче и Стрима, ќе се гасне и од воздух

А1он