Николовски на средба со инспекторите: Законот мода да важи за сите, а протоколите да се почитуваат

Од:

Заменик претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски, вчеравечер на работна средба со дел од инспекторите на Државниот пазарен инспекторат (ДПИ) разговарал за активностите на инспекторите во изминатите девет месеци, а повразани со контролите на терен што ги спроведуваат за почитување на здравствените протоколи и материјалните закони.

Вицепремиерот Николовски посочил дека сите инспекциските служби се важен контролен механизам за правилно спроведување на секоја уредба, одлука, протокол и мерка, што се преземаат за спречување на ширење на коронавирусот.

– Законот мора да важи за сите. Правилата, протоколите и мерките мора сите да ги почитуваме, а инспекторите се таа нераскинлива алка којашто обезбедува редот да владее секаде во општеството. Ги охрабрувам сите инспектори да постапуваат во делот на спроведување на протоколите, затоа што наша највисока цел во овие тешки моменти е да го заштитиме здравјето на сите граѓани. Затоа мора сите да се однесуваме одговорно, да ги почитуваме мерките и протоколите, да направиме се што е во наша можност, и на тој начин да се заблагодариме и на здравствените работници, и на инспекторите, на полицијата, на армијата и на сите служби коишто деноноќно се ангажирани за полесно да ја пребродиме оваа здравствена криза, изјавил вицепремиерот Николовски, соопштија денеска од неговиот кабинет.

Инспекторите од ДПИ го информирале вицепремиерот Николовски, за текот на контролите, состојбата со почитувањето на здравствените протоколи од страна на правните субјекти, кадровската екипираност на инспекторатот, проблемите со кои се соочуваат на терен при контролите.

– Од вицепремиерот добија уверување дека Владата веќе ја разгледува анализата од Инспекцискиот совет за зајакнување на кадровската екипираност на инспекторатите, и секаде кадешто има потреба, за следната година ќе бидат предвидени нови вработувања, со цел да се обезбеди непречено функционорање, се наведува во соопштението од кабинетот на Николовски.

Инспекторите потенцирале дека по две недели од стапување на сила на измените на Законот за заштита на населението од заразни болести, со кои се зголемија нивните надлежности, има намалување на бројот на затворени објекти, помалку кривични и прекршочни пријави.

Вицепремиерот Николовски, порачал дека сите инспекциски служби имаат целосна поддршка од Владата на РСМ, и оти нема да има толеранција за прекршителите на здравствените протколи.

Инаку, изминатите шест (08.11-13.11.2020) дена, Државниот пазарен инспекторат спроведе 92 надзори и 3.049 контроли во угостителски објекти, казина и обложувалници низ целата држава. При тоа, на лице место, привремено се затворени четири објекта, и тоа два во Охрид, еден во Дебар и еден во Врапчиште, поради прекршување на здравствени протколи и на Законот за зштита на населението од заразни болести, односно за работа по 21 часот.

Би можело да ве интересира

Како новороденчето добило сепса – Вонреден инспекциски надзор во прилепската болница по смртта на бебето

Анита Петровска Рајковиќ

Во Србија се уапсени десетина даночни инспектори поради злоупотреба на функцијата

Горан Наумовски

Бектеши: Комисијата за заштита на конкуренцијата не презема мерки за цените, а поминавме неколку кризи

A1on

Oпштинските инспекциски служби немаат соодветна опрема за инспекциски надзор, а немаат и возила или компјутери

Горан Наумовски

При акциска контрола во угостителски објекти во Куманово, четири затворени, за 14 изречена глоба

Ана Ололовска

Николовски: Е-инспектор почнува со примена во пазарен, трудов и управен инспекторат

Ана Ололовска