Не чини состојбата во државните инспекторати – едвај работат со половина кадар, покажа ревизијата

Од:

Државните инспекторати во земјава работат со едвај 50 проценти кадровски капацитет, а доколку во наредниот период не се реализираат нови вработувања, постои ризик неколку инспекторати да бидат во неможност да вршат инспекциски надзор, покажува конечниот извештај на Државниот завод за ревизија за институционалните капацитети на инспекторатите.

Ревизијата е извршена согласно Годишната програма за работа на Државниот завод за ревизија, а го опфаќа периодот од 2017 до 2019 година.

Ревизорите извршиле анализа на доставените податоци од страна на Инспекцискиот совет за издадени лиценци за инспектори во инспекторатите и инспекциските служби при што утврдиле дека се издадени вкупно 1.692 лиценци за 45 видови на инспектори вработени во 28 инспекторати и инспекциски служби од кои активни се 842 лиценци за инспектор.

– Имајќи ја предвид важноста и улогата на инспекциските контроли, намалувањето на бројот на инспектори во државата, кој за 10 години е намален за околу 50 проценти е состојба за која е потребно да се преземат итни мерки во насока на зголемување и екипирање на бројот на инспектори во државата, се посочува во извештајот.

Во државните инспекторати од предвидените 1.006 работни места за инспектори, пополнети се 602 работни места или 60 проценти, додека во инспекциските служби од предвидените 418 работни места за инспектори, пополнети се 210 работни места, односно 50 проценти.

Поради недоволниот број на инспектори, како што се наведува во извештајот, голем дел од инспекциските служби работат отежнато, а доколку во наредниот период не се реализираат нови вработувања, постои опасност некои инспекторати да не можат да ја вршат надлежноста согласно законот.

Ревизијата утврдила дека базите на податоци со кои располагаат инспекторатите не се целосни и оти не постои интегриран информатички систем за следење на работењето на инспекциските служби.

Отсуството на ваков информатички систем, како што се наведува во извештајот, создава ризик од субјективизам при изборот и распределбата на надзорите, а со тоа се отежнува и следењето на успешноста на работењето на инспекторите.

Ревизијата утврдиладека не е донесена и Стратегија за развој на инспекциските служби како важен стратешки документ, а под висок ризик за имплементација е и платформата „Е-инспектор“.

– Имајќи ги предвид заложбите на Владата на РСМ за реформирање на системот и правилата во инспекцискиот надзор, како и програмата на Владата на РСМ 2020-2024 година каде е планирано воведување на платформа „Е-инспектор“, ревизорите со извршената ревизија утврдиле висок ризик за имплементација на оваа реформа, од причина што во секторот за ИКТ, одделението за ИКТ поддршка и одделението за е-инспекции, нема вработен кадар , иако се предвидени 9 работни места, се вели во извештајот на Заводот за ревизија.

Би можело да ве интересира

ДЗР: Обезбедување вработување и вештини согласно пазарот на труд и намалување на одлив на кадар, главен предизвик за Владата

Ана Ололовска

ДЗР: Помалку од еден отсто од собраниот пластичен отпад се рециклира, потребни иницијативи и активности за подобрување на состојбата

Ана Ололовска

ДЗР со забелешки за капиталните расходи во образовната инфраструктура

Ана Ололовска

Николовски на средба со инспекторите: Законот мода да важи за сите, а протоколите да се почитуваат

Ана Ололовска

Владата бара начин да ги зголеми овластувањата на инспекторите

Жарко Настоски

ДЗР: Во СЈО незаконски си поделиле бонуси од 4.6 милиони евра

Ана Ололовска