Николова: Блокадата на ДПМНЕ може да ја чини земјава 10 милијарди евра помалку фондови од ЕУ

Од:

Со блокадата на уставните измени, ДПМНЕ и Мицкоски не само што ја оддалечуваат државата од европскиот пат, туку негативно влијаат и врз економскиот развој. ЕУ е нашиот главени трговски партнер, со 77,5% од извозот на земјата и 51% од нејзиниот увоз рече на прес конференција пратеничката на СДСМ Даниела колева.

– Блокадата од страна на ДПМНЕ може да ја чини нашата земја 10 милијарди евра помалку фондови од ЕУ.Само во досегашниот евроинтегративен процес на земјата, преку ИПА, грантови за енергетската криза, макроекономска помош, поддршка за малите и средните компании, помошта за ублажување на економските последици од пандемијата, образовните и други програми во државата се слеаја над 1,2 милијарди евра од европските фондови. Во иднина, преку забрзување на евроинтеграциите и полноправното членство, програмите и фондовите на ЕУ можат да бидат 11 пати повисоки од оние што досега ги имаме, вели Колева.

според неа, Мицкоски и ДПМНЕ исто така, ја ускратуваат шансата за голем скок на платите и раст животниот стандард на граѓаните, со оглед на фактот што, во првите пет години по зачленувањето во ЕУ, растот на платите во земјите членки на ЕУ се движел од над 50 отсто, па се до 100 отсто.

– Првите пет години по членството, кај државите од ЕУ, стапките на раст на БДП се зголемиле од 80 до 90 отсто, но во случај на прекин на интеграциските процеси, тие стапки за нашата држава може да останат недостижни, исто како и пристапот на македонските компании на европскиот пазар со 500 милиони. Придобивките од членството во ЕУ се огромни, сега имаме единствена можност, отворена врата за европскиот пат и оваа шанса треба да се искористи, затоа што 80 отсто од граѓаните јасно се определени за членство во ЕУ, рече Колева.

Би можело да ве интересира

СДСМ поднесе кривична пријава против гувернерот Славески

Филипче праќа писма до ЕУ: Мицкоски остварува руски интереси, ја саботира македонската интеграција

Предраг Петровиќ

СДСМ: МВР ги попречи професорите на Правниот факултет да пристапат на работа, од кого се плаши власта?

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски ги предаде македонските национални интереси!

СДСМ: Итно да се одложи примената на зонското паркирање во Реонски Центар