Николоски: Понудата за лидерска средба уште важи, кој и да носи одлуки во СДСМ подготвени сме да разговараме

Од:

Иако формалниот претседател на СДСМ и премиер на македонската Влада, Димитар Ковачевски ја одби понудата на Христијан Мицкоски за лидерска средба на која, меѓу другото, би се разговарало и за одредување на брз датум за предвремени парламентарни избори, понудата се уште стои отворена вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Подготвени сме рече Николоски да разговараме со секој во СДСМ кој што ги носи одлуките, како на пример Зоран Заев, Радмила Шеќеринска или некој друг.

Николоски додаде дека единствен излез од економската и политичка криза на Македонија се предвремените парламентарни избори и тие треба да се одредат час поскоро, но до тогаш ја повика власта да ги прифати четирите тима со високи професионалци од четирите клучни сектори кои ги предлага ВМРО-ДПМНЕ, со цел да не се губи време до одржувањето на изборите, овие тима да работат и да нудат решенија за излез од кризите кои ја зафатија Македонија.

„Ние дадовме десетина дена да размисли и еве да повторам оттука, доколку Димитар Ковачевски не е тој кој што ги носи одлуките во СДСМ, спремни сме да седнеме и да разговараме со тој кој што тие ќе го посочат дека ги носи одлуките во СДСМ. Ако е Зоран Заев, Зоран Заев ако е Радмила Шеќеринска, Радмила Шеќеринска ако е некој трет, тој кој што ќе го посочат. Потребно е Македонија да излезе од политичката и економска криза, преку решенија во четирите клучни сектори, економија, надворешни работи евро интеграции и односи со Бугарија и заштита на македонскиот национален идентитет, образование и здравство. И секако определување на брз датум за предвремени избори, затоа што излез од оваа криза се само предвремени избори, а додека да се случат тие предвремени избори, да не се губи времето и овие четири тима да работат. Нашата понуда стои и е отворена, оставаме на нивната политичка свест и одговорност“, рече Николоски.

Николоски посочи дека Македонија е единствената држава во Европа која што се соочува со сериозни кризи, а каде власта одбива комуникација со опозицијата.

„Мислам дека во моментов, Македонија е единствена европска држава која што се соочува со криза во која што власта одбива комуникација со опозицијата, што покажува дека единствена намера им е само продолжување на криминалните практики“, истакна Николоски.

Македонските граѓани одамна заслужија почеток за преговори со Европската Унија, тоа е нешто што Македонија го заслужува. За жал блокадата од Бугарија стои, едно непринципиелно вето и вето кое ги поткопува темелите на македонската држава, македонскиот национален идентитет и македонскиот јазик, изјави Николоски.

Тој истакна дека Европската Унија треба да изврши силен притисок врз Бугарија, со цел во јуни да се тргне ветото и Македонија конечно да добие датум за почеток на преговори.

– Барањата коишто ги има Бугарија се под секое национално достоинство и не мислам дека треба да се разговара нити за засебноста на македонскиот народ ниту за посебноста на македонскиот јазик, тоа се дадени работи и основни човекови права на Македонците, рече Николоски.

Тој потенцираше дека многу сериозно треба да се разговара за 14 неспроведени пресуди од страна на Бугарија, кои ги донесе Европскиот суд за човекови права од Стразбур, а кои се однесуваат на македонското малцинство во Бугарија.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски едно зборува дома за уставните измени, друго надвор, не може да му се верува

(ВИДЕО) Интервју со Димитриевски: Исклучувам постизборна коалиција со СДСМ, дел од раководството треба да одговара

Александар Тодески

СДСМ: Уште еднаш се потврди дека Мицкоски едно зборува дома друго зборува надвор

ДУИ: Сакале или не СДСМ и ВМРО, идниот претседател ќе се избира во Собранието

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Николова: Силјановска треба да се извини за навредите кон Пендаровски и Ковачевски

Горан Наумовски

СДСМ: Силјановска во матрицата на ДПМНЕ, ги навредува Пендаровски и Ковачевски и покажува нервоза

Горан Наумовски