Николоски: Денешното рочиште покажа дека „Рекет“ е координиран од семејството Заеви

Од:

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски вечерва одржа вонредна прес-конференција во врска со објавените ПИ-мерки за случајот „Рекет“, за кој тој вели дека јасно и недвосмислено се гледа дека Зоран Заев и врвот на СДСМ стои зад целиот случај и дека рекетот бил координирана акција.

„Од објавените снимки лесно може да се дојде до заклучок дека Катица Јанева лани во јуни или јули имала минимум една средба со тогашниот премиер Зоран Заев. Второто е дека Зоран Милески имал средба со Вице Заев, братот на Зоран Заев. Што зборувале на тие средби и како е возможно да се среќавале ако претходно воопшто не се познавале“, праша Николоски.

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ вели дека браќата Заеви треба да дадат искази пред судот, бидејќи со денешното рочиште во судот, станало јасно дека случајот „Рекет“ бил „добро координирана акција од самиот врв на власта во која се изрекетирани многу повеќе бизнисмени и земени се многу повеќе пари од она што се претставува во јавноста“.

„Ова е врв на скандалот. Бараме да се прикажат целосните снимки каде што Јанева се сретнува со Заев и да се појасни како се познавале, бидејќи тоа ќе потврди дека обвинетите биле извршители, а наредбодавци биле врвот на власта и семејството Заеви“, рече Николоски, додавајќи дека цел ден чекале Заев да се огласи во однос на снимките, но бидејќи тоа не се случило, морале да ја одржат вонредната прес-конференција.

Тој го повика и министерот Наќе Чулев да го истражи случајот, надлежните да ги објават пред судот наводните тонски записи меѓу Вице Заев и Зоран Милески, како и меѓу Зоран Заев и Катица Јанева.

„На Боки 13 никој не би му дал ни денар, а не милиони, ако некој не стои зад него“, рече Николоски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче и СДС не беа вака гласни кога од Венецуела се влеваа 110 милиони евра во Еуростандард

Апелација го ослободи Бојан Јовановски во случајот „Меѓународен сојуз“

Горан Наумовски

Коалициските партнери од Владата многу различно гледаат на изборниот исход во Брвеница

Кузеска: Симе не е во затвор, повторно е со Мицкоски, пуштен е да работи за ВМРО-ОКГ во Брвеница

Катерина Ѓуровски

Манасиевски: Филипче лаже за анкетите, лаже и за тоа дека има автомобил од 6.000 евра, за што уште лаже Венко

Катерина Ѓуровски

СДСМ: Истовремено соопштение на ВМРО и на Платформата 12 И 05, ист ракопис, иста порака

Катерина Ѓуровски