Вршителот на должноста министер за надворешни работи на Бугарија, Николај Минчев верува дека преку францускиот предлог кој беше усвоен и во македонскиот парламент ќе може да се решат сите спорни прашања меѓу двете земји.
– Со Македонија имаме шанса да ги решиме проблемите кои постојат со децении, но не беа сериозно адресирани. Сега овие проблеми не се решени, но имаме механизам усвоен од бугарскиот парламент, се работи за францускиот предлог, тој е усвоен од парламентот на РСМ и пред нас е широк терен да продолжиме со работата за расчистување на спорното прашања – рече Минчев.
Наследникот на Теодора Генчовска смета дека соработката со владата на Ковачевски може да биде добра, но го загрижуваат обидите на опозицијата да ги искористи ставовите на дел од населението за различни цели.
– Има сили кои со силен отпор поставуваат лажна дилема – европско членство или идентитет на Северна Македонија. Не е така, европското членство се поврзува со преоценување на минатото и со голем број пропагандни клишеа. Пред да влезе во ЕУ, секоја земја мора да се раздели со дел од овие лажни парадигми во историскиот процес. Оваа катарза мора да се доживее и таму. Би сакал да се формира национален консензус во Македонија, не можеме да се потпираме и да разговараме само со една политичка партија, треба да разговараме како држава со држава – потенцира Милков.
Според него, институциите таму не треба да се користат за репресивни цели. – – Ни треба многу појаснување од нашите македонски партнери. Доколку има пријави за прекршоци, соодветно ќе реагираме. Со зголемено внимание ја следиме состојбата и испраќаме сигнали дека треба да се воздржиме од практики во минатото, рече Милков.
Извор: БГНЕС