(ВИДЕО) Милков: Ковачевски ќе треба да ја гарантира безбедноста на Бугарите на 4 февруари, Донев телефонски ќе разговара со него

Од:

Бугарскиот премиер Голуб Донев во секој момент се очекува да го побара македонскиот премиер Димитар Ковачевски и во телефонскиот разговор од него ќе бара гаранција за безбедноста на граѓаните кои ќе дојдат на 4 февруари во Скопје на прославата на роденденот на Гоце Делчев.

Бугарскиот министер за надворешни работи, Николај Милков на штотуку завршената прес-конференција после враќањето од Брисел каде што се разговарало за последните нарушени односи со Македонија, рече дека знае за блокадите кои се најавуваат во Македонија, но дека телефонскиот разговор на двајцата премиери треба да расчисти многу дилеми околу тензиите кои се очекувааѕт на 4 февруари.

– Според нашите последни односи со Македонија во моментов е клучно да се гарантира спокојот и сигурноста на Бугарите таму. И осигурувањето на непречено поклонување на гробот на Гоце Делчев е токму дел од тоа. Ние не бегаме од дијалог, напротив престои телефонски разговор на нашиот премиер со Ковачевски и еденод основните елементи за тој разговор ќе биде гаранција на безбедноста на граѓаните со бугарска самосвест таму и на безбедноста за настанот на 4 февруари. Ние како МНР ќе бараме со нота до македонската страна да се осигура безбедноста на луѓето кои ќе заминат таму и секако на преставниците од амбасадата во Скопје кои ќе присуствуваат таму – истакна Милков.

Би можело да ве интересира

Проф. д-р Михајло Марковиќ и проф. д-р Соња Новотни ја добија државната награда „Гоце Делчев“ за остварувања во науката

А1он

Одбележани 123 години од смртта на македонскиот револуционер и борец за слобода – Гоце Делчев

Филипче: Гоце Делчев би се срамел од Мицкоски и би се борел против криминалната ВМРО

Сто дваесет и три години од смртта на Гоце Делчев

Сто педесет и четири години од раѓањето на Гоце Делчев

Доделена државната награда „Гоце Делчев“ за 2025