Филипче: Гоце Делчев би се срамел од Мицкоски и би се борел против криминалната ВМРО

Од:

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, по повод годишнината од смртта на Гоце Делчев, упати остри критики кон ВМРО-ДПМНЕ и лидерот Христијан Мицкоски, обвинувајќи ги за злоупотреба на ликот и делото на македонскиот револуционер.

„Денес ја одбележуваме годишнината од смртта на Гоце Делчев, најголемиот македонски револуционер, човек кој се бореше за слобода, правда и рамноправност. За жал, неговото име денес се злоупотребува од страна на ВМРО – организација која се претставува како негов наследник, а всушност е криминална група предводена од Христијан Мицкоски“, изјави Филипче.

Тој направи споредба меѓу, како што рече, идеалите на Делчев и актуелните политики на опозицијата.

„Гоце Делчев се бореше против неправда и туѓинска власт, додека денешното ВМРО се бори за тендери, заштита на криминалци и бугарски пасоши. Наместо слободна и праведна Македонија, тие ја претворија државата во плен, а граѓаните во заложници на корупцијата“, посочи Филипче.

Според него, доколку Делчев беше жив денес, „би се срамел од оние што се повикуваат на неговото име“ и „лично би се борел против Мицкоски и криминалната ВМРО“.

Филипче нагласи дека СДСМ ја одбележува годишнината со почит кон идеалите на Делчев и порача дека „доаѓа време на правда и одговорност“.

„СДСМ продолжува со борбата заедно со граѓаните за враќање на власта во рацете на народот и за демократска и европска Македонија – праведна и слободна земја каква што ја сакаше Гоце Делчев“, додаде тој.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Апасиев донесе слика од премиерот и неговиот баџанак и го праша за бизнисите, Мицкоски му рече дека е кукавица

Катерина Ѓуровски

Филипче оддаде почит на хероите од НОБ во Прилеп: СДСМ е наследник на државотворните политики на партизаните

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Македонија не е добиена на подарок, време е конечно да имаме големи цели

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

Мицкоски: Анкетите се лоша вест за опозицијата – клевети, навреди и измислици не поминуваат

А1он

Изложба по повод 80 години од пренесувањето на посмртните останки на Гоце Делчев во Скопје

А1он