Деканот и професор на Медицинскиот факултет, Никола Јанкуловски е избран за нов ректор на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“.
Јанкуловски доби 43 гласа, за Ненад Новковски гласаа шесторица, а шест од гласачките ливчиња беа неважечки.
Пред изборот на нов ректор, Студентскиот пленум ја напушти седницата бидејќи Сенатот ги верификуваше мандатите на Студентскиот Парламент, кој според пленумците се нелегитимни.