Независниот академски синдикат бара да се повтори изборот на ректор на УКИМ

Од:

Независниот академски синдикат (НАкС) соопшти дека откако ги сумирал сите недостатоци на процесот за избор на ректор на УКИМ, ги повикува Сенатот и институциите да преземат активности согласно со нивните надлежности и да овозможат повторување на постапката за избор на ректор на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ согласно со законските процедури и основните начела на фер и демократска постапка.

НАкС апелира сенаторите на УКИМ, во чија надлежност е потврдување на ректорот, да преземат одговорност и да донесат одлука со која нема да придонесат најголемиот и најмоќниот универзитет во земјава, како и неговата автономија „да (о)станат заложници на можни сегашни и идни непринципиелни интереси и влијанија“.

– Зад нас се првите непосредни избори за ректор на најголемиот и најстариот универзитет во земјата. За разлика од досегашните избори, првпат секој член на наставно-научен, научен или наставен совет имаше прилика да го довери својот глас во поддршка на определен кандидат за ректор. Изборот на ректор на ваков начин требаше да биде пресвртна точка во насока на демократизација на управувањето на УКИМ. Сепак, бројните изигрувања на формалните процедури, на основните академски, но и морални начела, го направија изборот на ректор еден од најскандалозните до сега, наведува Синдикатот во соопштение во кое бара нова изборна постапка зашто изборите од 26 јуни ги смета неприфатливи.

Од Синдикатот посочуваат дека изборите за ректор се одвивале во услови на пандемија, во време кога професорите, како што наведува, се бореа да ги продолжат редовните наставни и научни активности, додека некои од нив беа и заболени од самиот коронавирус.

– Бројни законски и статутарни услови при изборот на ректор беа прекршени, вклучувајќи ја и забраната за спроведување постапка за избор на ректор во време на вонредна состојба, забраната за спроведување на постапката во време на изборен период, како и конфликтот на интереси кој ректорот ги имаше како незаконски претседавач на Сенатот. Посредно, на текот на изборите се влијаеше и преку задоцнетото отпочнување на постапката за избор на сенатори, како и со формирањето на новиот сенат десет дена по рокот предвиден во Статутот. За овие прекршувања, НАкС редовно доставуваше претставки до надлежните институции и отворено ја известуваше јавноста, соопшти НАкС.

Синдикатот наведува дека кандидатите имале краток рок од пет работни дена за пријавување, за разлика од рокот за кандидирање на позицијата декан на факултет кој трае 30 дена. Посочува и дека кандидатите за ректор имале нецели 10 дена за да се претстават себеси, а програмите без биографиите биле споделени со 1450 гласачи на само три дена пред гласањето што, како што нагласува, е далеку од доволно за суштинско запознавање на членовите на академската заедница со кандидатите и нивните програми.

Би можело да ве интересира

ДУИ: Ја поздравуваме подготвеноста на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори

Предраг Петровиќ

Илјадници луѓе ширум Србија чекаат во ред да ја поддржат листата „Александар Вучиќ – Обединета Србија“

Вучиќ: Ќе поднесам оставка на 25 или 26 септември, во кампањата ќе настапам како обичен граѓанин

Горан Наумовски

Мицкоски: Нека поднесе опозицијата барање, ќе одиме на избори и ќе победиме

СДСМ: Владата преку започнати проекти обезбедува средства за избори

Горан Наумовски

Орбан: Подгответе се, ова е само почеток

А1он