Обвинителството ја отфрли пријавата на антикорупциска против ректорот на УКИМ

Од:

Основното јавно обвинителство ја отфрли иницијативата на Антикорупциската комисија за кривично гонење на ректорот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“, Никола Јанкуловски.

Според обвинителството, нема основано сомнение дека Јанкуловски за злоупотребил службената положба, дека сторил измама и несовесно работел.

Антикорупциската комисија претходно поведе постапка за кривично гонење во кое стоеше дека ректорот, со намера за себе да прибави имотна корист, а на штета на Буџетот, не го ставил во мирување својот работен однос во на Клиниката за дигестивна хирургија за време на извршувањето на ректорската должност. На овој начин, тој прибавил за себе имотна корист во износ од 2.450.000 денари по основ на плата од работен однос кој бил должен да побара да му биде ставен во мирување.

„Од анализата на материјалните и вербалните докази во предметот произлезе дека пријавениот професор е во редовен работен однос со ЈЗУ Универзитетска клиника за дигестивна хирургија во својство на професор-здравствен работник, каде што ги остварува сите права по основ на плата, пензиско, здравствено и социјално осигурување. Во исто време тој е и редовен професор на Медицинскиот факултет во Скопје, каде што извршува научна и едукативна дејност. По стапувањето на функцијата ректор на Универзитетот, согласно закон и склучен договор со Универзитетскиот Сенат,  тој за ангажманот добива соодветен функционален надоместок, кој не може да се третира како плата“, соопштуваат од обвинителството.

Оттаму додаваат дека и исказите на сведоците потврдуваат дека во досегашната практика на УКИМ, сите досегашни ректори имале склучено вакви договори со кои се регулирале нивите права и обврски и тие договори биле во целост почитувани и исполнети.

Би можело да ве интересира

Пријавување за студии на УКИМ, слободни над 8800 места

По грчката акција „Вардарис“ – истрага и притвор за едно лице осомничено за транспорт на над 324 килограми марихуана

Обвинителството по допрен глас ќе го истражува загадувањето со отпад кај Рашче

На Богородица фатен Србин со 5000 штеки цигари, Обвинителството бара притвор

Ја тепал со боксови и клоци, се заканувал дека ќе ја запали куќата, Обвинителството бара притвор за гевгеличанец

Работник ги нападнал газдите со нож заради неисплатени дневници

Катерина Ѓуровски