Димитров на видео-конференција со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји

Од:

Шефот на македонската дипломатијата, Никола Димитров заедно со министрите за надворешни работи од земјите во регионот, учествуваше на видео-конференција иницирана од еврокомесарот за проширување, Оливер Вархеји.

Министерот Димитров во своето обраќање се осврнал на актуелната состојба и мерките во земјата во контекст на пандемијата, како и во контекст на подготовките со цел демократски, фер и слободни предвремени парламентарни избори, со максимална заштита на здравјето на граѓаните.

Главен акцент во разговорите бил ставен на мерките коишто земјите од Регионот ги преземаат во функција на контролирање на пандемијата со коронавирусот, како и натамошната координација при нивно олеснување и овозможување на слобода на движење како во Регионот, така и меѓу земјите од Западен Балкан и ЕУ.

Од страна на еврокомесарот Вархеји била искажана подготвеност за поддршка на Регионот за контрола на вирусот, координација при следните чекори за закрепнување и повторно поврзување на Регионот со ЕУ во контекст на слобода на движење, каде што главниот критериум кој е препорачан при носење на одлуките е врз основа на објективната епидемиолошка слика.

Би можело да ве интересира

СДСМ: „Секој што е за Европа и демократија – за Мицкоски е талог“

Горан Наумовски

Мерц: „Не може проблемите на 21 век да се решаваат со буџет од 20 век“

Денеска истекува флексибилната примена на ЕЕС: Се очекуваат нови гужви на границите со ЕУ

Македонците се послаби од европјаните – во ЕУ 16,3% од луѓето се дебели, во Македонија 15,4 %

Горан Наумовски

Фон дер Лајен: Да нема забуна – Европа е нападната

Мaѓар: Будимпешта не поддржува забрзан прием на ниту една земја во ЕУ