Невработените граѓани да се ослободат од плаќање режиски трошоци, бара КСС

Од:

Конфедерацијата на слободни синдикати (КСС) бара сите невработени лица да се ослободат од плаќање на режиските трошоци за струја и вода.

Во денешното соопштение, КСС оценува дека покачувањето на сметките за струја и зголемувањето на акцизата за нафтените деривати директно се на товар на граѓаните.

–  Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија бара од државата да се откаже од наплата за користење на ресурсите на струја и вода кои ги поседува  државата и да нема побарување за истите од невработените лица со што ќе покаже доблест и дека навистина се грижи за своите граѓани. Воедно сакаме да известиме дека извршителите веќе се во постапка за наплата на оние кои не ги платиле своите режиски трошоци не поради своја волја, туку поради кризата која се наталожи врз грбот на граѓаните изминатиот период, а допрва следи и покачување на истите, се вели во соопштението.

Би можело да ве интересира

ЕВН почна да работи во Слупчане: „Ќе плаќаме колку што ќе потрошиме, да не бидеме црна точка“

A1on

(ВИДЕО) Новите сметки донесоа гнев – зошто повеќе пари за пренос отколку за потрошена струја?

Видео: Млаки радијатори, се штеди ли на греење, ќе поскапи ли парното?

Анита Петровска Рајковиќ

СДСМ: Мерки на Владата и за помали сметки на струја во училиштата

Во петок „Граѓански синдикален марш“ против поскапувањето на струјата од Чаир до Собрание

Жарко Настоски

Барајте корекција ако ви стигне преголема или премала сметка за струја, ЕВН не постигнува да ги прочита сите броила

Маја Илиевска-Пачемска