ЕВН почна да работи во Слупчане: „Ќе плаќаме колку што ќе потрошиме, да не бидеме црна точка“

Од:

Екипите на електродистрибуција почнаа со работа во липковското село Слупчане. Во дел од селото веќе се заменети орманите. Договорено е корисниците на социјална парична помош да ги плаќаат заостанатите сметки на рати, кажаа претставниците од општината.

Во однос на договорот со жителите од Слупчане од ЕВН велат дека законите кои важат за сите корисници ќе продолжат да важат и понатаму.

Претседателот на советот на општина Липково, Зекрија Шаини вели дека активностите на терен течат согласно договорот.

– Состојбата беше бурна и луѓето од селото сакаа да знаат што ЕВН ќе работи. Тие се приватна компанија и сакавме да знаеме што конкретно ќе работат како и за сите приватни компании. Половина од селото користат социјална помош и имавме барање долговите да се плаќаат на рати, што важи за сите граѓани во Македонија. ЕВН ќе треба да постави бандери до планот до каде што е селото, изјави Шаини.

Во однос на барањето да се плаќа по 3.000 без разлика на потрошувачката, тој кажа дека во тоа препукување преку медиумите со некои луѓе од ЕВН, дел од барањата на слупчанци биле нелогични.

– Барањето не е логично, ќе се плаќа колку се троши и не сакаме да бидеме црна точка како што не претставуваа. Оние кои се социјални случаи ќе плаќаат на рати. Останатите плаќаат како и сите во државата, ќе користат поволности што важат за сите, вели Шаини, додавајќи дека во Слупчане има над 60 проценти жители кои плаќаат сметки.

Мрежата во Слупчане не е реконструирана повеќе од 20 години од конфликтот 2001.

Би можело да ве интересира

Елиминирањето на конкуренцијата во изборот за универзален снабдувач граѓаните ќе ги чини стотици милиони евра повеќе за сметки за струја

А1он

Универзалниот снабдувач избран без да се овозможи конкуренција, граѓаните ќе плаќаат милиони евра повеќе за струја

А1он

За универзален снабдувач прифатена понудата на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Скопје и ЕВН Македонија АД Скопје

ЕВН ќе ги снабдува граѓаните со струја и во следните пет години

Орце Костов

Зошто се одложува изборот на нов универзален снабдувач на струја за домаќинствата?

А1он

Бислимоски: Приватните енергетски инвестиции ќе донесат пониски сметки за парно

Орце Костов