Нема место за кикс – МВР уште од денеска ги затвори улиците околу гробот на Гоце

Од:

Нема простор за грешки, МВР, со цел да ги намали сите можни сценарија за инциденти при чествувањето на раѓањето на револуционерот Гоце Делчев, со време презеде дејства.

Според информациите на „А1он“, кои се потврдени и од МВР, полицијата уште од денес, два дена пред чествувањето в сабота, ги затвори за сообраќај улиците околу гробот на Гоце.

Почнувајќи од денеска, четврток, од 18 часот, за сообраќај ќе биде затворена улицата Самуилова, на потегот од улицата Иљо Војвода (вијадукт Самуилова) до крстосницата со улицата Прохор Пчињски.

На 4.2.2023 година (сабота), пак, на самиот ден на одбележувањето, посебен режим на сообраќај ќе се спроведе на улицата Лазар Личеновски и на улицата Самуилова.

Со ова граѓаните нема да може да се движат на надвозникот кај поранешната стоковна куќа „Мост“ и покрај тврдината Кале, делот што минува крај црквата „Св. Спас“, и тоа уште од денеска.

Секторот за внатрешни работи Скопје апелира до сите граѓани да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници на сообраќајниците на кои ќе се одвива настанот, со цел безбедност на сите учесници во сообраќајот.

Би можело да ве интересира

Бугарија врати 19 тони македонски јаболка поради зголемено ниво на пестициди

(ВИДЕО) Јотова му се заблагодари на Радев за победата: Без вас немаше да успееме

Катерина Ѓуровски

МВР: Расчистено e вчерашното насилство пред кошаркарскиот натпревар во Скопје, поднесена е кривична пријава по брза постапка

Горан Наумовски

Уапсени се шест возачи за безобѕирно возење, дел од нив беа пијани или возеа во спротивна насока

Горан Наумовски

Уапсен е Марко Кричак, еден од најмоќните луѓе во српската полиција

Бугарските граѓани денес го избираат својот седми претседател