Нема коронавирус патникот од Дубаи, потврди министерот Филипче

Од:

Нема коронавирус патникот стигнат од Дубаи кому утрово на Инфективна клиника во Скопје му беа направени тестови, потврди министерот за здравство Венко Филипче. Кај него бил потврдeн грип тип Б.

По шестдневен престој во Дубаи патникот утрово со симптоми на грип се пријавил на Инфективнвата клиника.

Министерот Филипче рече дека патникот стигнал во Скопје пред неколку дена и кон  него се пристапува со целосно внимание како за сомнителен случај за коронавирус.

На Инфективна клиника синоќа беше хоспитализиран и патник кој вчера пристигнал од Милано во Скопје со попладневниот лет на „Визер“. Лицето е тестирано и нема коронавирус. Пациентот имал лесна клиничка слика, нема покачена телесна температура и неговата состојба е стабилна.

Патникот поминал низ термалната камера, која кај него не дијагностицирала симптоматологија на болест. Првите симптоми ги почувствувал по доаѓањето дома, по што се јавил на Инфективната клиника во Скопје и бил примен во 22:00 часот. Од неговото пристигнување на клиниката, пациентот е ставен во изолација, по што му се направени тестови согласно утврдениот протокол.

Би можело да ве интересира

ИЈЗ: Се намалува бројот на заболени од грип, досега починале 14 лица

Горан Наумовски

Намалување на бројот на заболени од грип

Регионот се бори со голема кашлица, во земјава веќе има седум случаи

Грипот зема замав, уште еден починат

Катерина Ѓуровски

Десетина пациенти со грип на Инфективна, една пациентка со потешка состојба на Пулмологија

Горан Наумовски

Семејството ќе ја оствари последната желба на пејачката која загина во Дубаи

А1он