(ВИДЕО) Голем пожар во Дубаи, гори зграда во изградба

Од:

Голем пожар избувна на градилиште на облакодер во близина на хотелот „Ал Хабтур Гранд“ во марината во Дубаи.

Оперативниот центар за цивилна заштита во Дубаи доби повик за пожарот, по што противпожарните екипи од станицата „Ал Марса“ веднаш беа испратени на местото на настанот.

Според властите, станува збор за пожар со среден интензитет во зграда која сè уште е во изградба. Пожарникарите брзо интервенираа за да спречат ширење на пожарот на околните згради. Во инцидентот нема повредени.

Набрзо на социјалните мрежи се појави видео од голем облак од црн чад што се издига над градилиштето во марината во Дубаи.

Би можело да ве интересира

Пожар во населбата Даљан во Охрид, има повредени

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Со часови беснее пожар во романскиот зимски центар Појана Брашов, евакуирани 150 лица

Догорче од цигара причина за пожарот во ГОБ „8 Септември“, нема повредени

Пожар во болницата „8 Септември“ во Скопје, пациентите се евакуираат

Горан Наумовски

Пожар во подземниот паркинг на КАМ мол во Ѓорче Петров, евакуирани посетителите

Горан Наумовски

Изгорен стан во Белград, во ходникот пронајдено тело на 55 годишник

А1он