Авион принудно слета во Белград: Во тоалет е пронајден мртов патник

Од:

Турскиот државјанин Р.А. (54) почина за време на летот од Истанбул до Дизелдорф, по што авионот принудно слета на аеродромот во Белград.

Авион на „Пегасус ерлајнс“ што летал од Истанбул до Дизелдорф утрово извршил принудно слетување на аеродромот „Никола Тесла“ во Белград поради итна медицинска состојба на летот.

Според соопштението, за време на летот, турскиот државјанин Р.А. отишол во тоалет. Стјуардесата забележала дека го нема подолго време, ја отворила вратата и го пронашла во несвест.

За жал, лекарите можеле само да ја потврдат неговата смрт.

По наредба на обвинителството, телото е испратено на обдукција.

Би можело да ве интересира

Бран закани со бомби ги потресе европските аеродроми: Најмалку 27 авиони се цел

Драма над Хрватска: „Рафал“ пресретна авион по дојава за бомба

Дојава за поставена бомба во авион кој леташе кон Варшава, леталото вонредно слета, аеродромот е затворен

Трагичен настан во Косово: Маж и бебе се пронајдени мртви во село кај Гњилане

Мртов маж е пронајден во куќа во Скопје

Горан Наумовски

Од струен удар почина 38-годишен маж