Пожар избувна на горните катови од северната кула на финансиските кули „Емирати“ во Дубаи, објави весникот „Галф тајмс“. Весникот наведува дека причината за пожарот сè уште не е позната.
Сведоци изјавија дека виделе облаци чад како се издигаат од кулата. Се вели дека пожарникарите се борат со пожарот, објави „Ројтерс“.
Финансиските кули „Емирати“ се деловен комплекс во рамките на Меѓународниот финансиски центар во Дубаи.
