Големиот пожар од Белгија се приближува до Германија: Жителите на Моншау им е наредена

Од:

Големиот шумски пожар што беснее во источна Белгија се приближува до германската граница, поради што властите во германскиот град Моншау им препорачаа на жителите од пограничните области да ги напуштат своите домови.

Според градските власти, огнената стихија во моментов е оддалечена околу 1,5 километар од германската граница и 1,8 километри од најблиското населено место. Иако не се очекува пожарот директно да се прошири на германска територија, властите предупредуваат на сериозно загадување на воздухот предизвикано од густиот чад.

Пожарот досега уништил речиси 3.000 хектари шумска површина и се смета за еден од најголемите шумски пожари во историјата на Белгија. Белгиските власти веќе наредија евакуација на градот Кухелшајд, додека пожарникарите и војската се обидуваат да го спречат натамошното ширење на огнот.

Пожарот го зафати и најголемиот природен резерват во Белгија, каде што огнот е активен од петокот.

Поради сериозноста на ситуацијата, Белгија побара меѓународна помош. Земјите членки на Европската Унија испратија три хеликоптери и два канадера за да помогнат во гаснењето на огнената стихија и нејзиното ставање под контрола.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Средбата беше непотребна – Лавров по разговорот со германскиот шеф на дипломатијата

Воен авион се урна во американска воздушна база во Германија

А1он

Мерц по поразот: „Повеќе немаме задоволителни одговори на премногу прашања“

Лидерката на AfD: „Левица“ e партија што сака да пука во богатите

А1он

Дизелот во Германија достигна рекордни 2,47 евра за литар

Катерина Ѓуровски

Лидерката на АФД предупреди: Ќе престанеме да ја финансираме Украина и ќе бараме надомест, ќе го преиспитаме државјанството на Сиријците