Најмалку пет лица, меѓу кои и тројца пожарникари, беа повредени кога избувна пожар во станбена зграда во Тирана, во близина на болницата „Мајка Тереза“.
Засега не е познато како избувнал пожарот, кој брзо се проширил на целата зграда, а во операцијата за гаснење се вклучени и хеликоптери, кои летаат над областа и го гаснат пожарот од воздух.
Video of a heavy fire erupting in apartment building in Tirana, Albania pic.twitter.com/H72IKMg4CH
— Skerdilajd Zaimi (@PublliusCS_a) April 14, 2026
Пожарот ја уништил целата фасада, а се вели дека станува збор за нова зграда.
Снимките покажуваат како граѓаните се евакуираат преку противпожарни скали низ прозорец. Неколку постари лица живееле во зградата.
Густ црн чад може да се види од сите делови на градот, а два хеликоптери моментално се вклучени во операцијата за гаснење на пожарот.
