Неколку лица затруени со јагнешко месо во ресторанот „Јавор“

Од:

Државниот санитарен и здравствен инспекторат (ДСЗИ) времено го затворил ресторанот „Јавор“ во скопската населба Карпош откако неколку лица се пожалиле на симптоми на труење со храна.

Информацијата ни ја потврдија од ДЗСИ од каде велат дека добиле дојава за труење и излегле на терен заедно со екипи од Центарот за здравје и од Агенцијата за храна и ветеринарство (АХВ).

„Сите лица кои се пожалиле на симптоми на труење јаделе јагнешко месо. Објектот е затворен и се чекаат резултатите од мострите од храна, a земени се и брисеви. Резултатите ги чекаме во текот на следните неколку дена и штом ќе ги добиеме, ќе се одреди натамошната постапка“, ни изјави Ирина Бухова, директорка на санитарниот инспекторат.

Утринава, уште три лица кои јаделе во друг познат скопски ресторан во населбата Тафталиџе се пожалиле на симптоми на труење со храна во Центарот за јавно здравје и тие биле префрлени на Инфективната клиника. Дополнително, уште шест лица кои јаделе во истиот ресторан се пожалиле дека не се чувствуваат добро откако јаделе во ресторанот.

Но, во периодот додека Центарот за јавно здравје им јавил на инспекторите од Државниот санитарен и здравствен инспекторат и додека тие пристигнале на терен, објектот веќе бил затворен.

„Не можевме да влеземе во ресторанот, бидејќи пишуваше дека тој се реновира, иако утрината луѓето јаделе во истиот, па нашите претпоставки се дека некој претходно им дојавил дека доаѓа инспекција“, вели Бухова.

Би можело да ве интересира

АХВ: Нема небезбедна бебешка храна од HiPP на македонскиот пазар

Контроли на АХВ: Казни, уништена небезбедна храна и спречен шверц на јајца

Горан Наумовски

Стоп за ризична пратка: АХВ не дозволи влез на јагнешка кожа од Албанија

Директорот ги „шпионира“ вработените во АХВ со камери, ги демне по цел ден во неговата канцеларија

Предраг Петровиќ

Кривична за Гоце Ѓорѓиевски од Крива Паланка – ги спречи службениците од АХВ да заловат крави

А1он

Спречен е увоз во Македонија нa 27 тони говедско мелено месо од Парагвај и 22 тони ореви од Казахстан

А1он