Нефи Усеини поднесе оставка од советничката фунција во Општина Охрид

Од:

Советникот во Општина Охрид и сопственик на дивоградбата кај Чинарот, Нефи Усеини, поднесе оставка од фунцијата, дознава „А1он“. Неговата оставка ќе треба да ја разгледаат и констатираат неговите колеги од Советот, а точката е ставена како предлог за следната седница. Усеини е недостапен за јавноста, а причините за неговата оставка е непозната. Тој е советник од ДУИ од 2017 година.

Против охридскиот советник во заминување се води и судска постапка, чии рочишта двапати по ред се одложуваат. Првото образложение кое го даде на судијата е дека е на операција во Турција, а сега, достави документ дека има коронавирус. За Усеини се водат предмети и во охридското Обвинителство, а обвинение нема и по скоро две години.

Нефи Усеини и неговито брат Ибро во притвор беа 16 денови, а судот ги ослободи откако тие дадога гаранција имот во вредност од 850 илјади евра. Двајцата беа приведени поради нападот на нивниот сограѓанин, Спиро Топалоски, кој откако беше започна постапка од Обвинителството, негираше дека бил нападнат. Сепак, охридската полиција констатирала дека имало употреба на пиштол во нападот од страна на обвинетите.

Ова не е прв инцидент во кој учествувал советникот Нефи Усеини. Усеини во април минатата година спречи инспектор да изврши увид на дивоизградената тераса кај Чинарот, а притоа и му се заканувал. Обвинителството отвори предмети два месеца потоа, односно неколку дена пред Усеини да го натепа советникот во Општина Охрид, Џемал Мена, среде седница. Охридскиот советник е ослободен од еден случај, за физичкиот напад на професорот Илјаз Илјази кој беше натепан пред неговото престојувалиште во Охрид. Обвинителството кажа дека не знае за настанот, односно не добило пријава од СВР Охрид.

Усеини е сопственик и на дивоизградената тераса на државно земјиште кај Чинарот. Објектот беше изграден со механизација од фирмата „Нефи-ИК“ која е во негова сосптвеност, а по повеќе од година таа остана нечепната од институциите. Откако изградбата не ја спречи Општина Охрид, отстранување нема ниту од Државниот градежен инспекторат.

Во предизборието, со булдужери се уриваше бетонската база на Усеини која ја поставил без никакво одобрание од институциите на парцела во сопственот на ИВЗ, која се наоѓа на стариот пат Охрид-Струга. На парцелата и натаму се паркирани возила од фирмите на Усеини, но, производство на бетон не се прави.

Би можело да ве интересира

Поднесено обвинение за Нефи Усеини за дивоградба во центарот на Охрид

Левица од Охрид: Тука Нефи го рушеше АСНОМ додека Пецаков молчи

A1on

Лазаревска: СДСМ бара одговорност за отстранувањето на спомен плочата од НОБ во Охрид, Пецаков да не молчи

Фирма за облека основана на 31 јануари доби тендер од Општина Охрид за набавка на цвеќиња

Александар Тодески

Левица: Нефи поддржан од Пецаков ја отстрани спомен плочата на НОБ во Охрид

Бизнисменот Нефи Усеини, кој тепаше и градеше дивоградби, поднесе оставка од советничката функција во Охрид

Кристијан Ландов